Октомври е месец посветен на подигнување на свеста кај жените во борба против ракот на дојка и на истакнување на важноста за превенција и рано дијагностицирање. Во светски рамки, ракот на дојка е најчестиот рак кај женската популација со висока стапка на смртност. Октомври е розов месец и совршен повод за едукација за женското здравје, но нека биде само почеток за будење на свеста кај жените преку целата година. Редовните посети кај вашиот лекар се од исклучителна важност во борбата против оваа болест, затоа не ги прескокнувајте редовните контроли. Посветете си грижа и внимание за сопственото здравје.