Антидекубитални душеци

Автор: Д-р Благовеста Филева Попоска, спец.физијатар – ЈЗУ Општа Болница – Охрид

Антидекубитален душек е медициско средство, креирано да не се создаваат декубитални рани или да се спречува нивно проширување.

Декубитусот е рана настаната заради долготраен притисок и најчесто е последица од предолга статичност на телото во една положба. Заради долготрајниот притисок на одредени делови на телото доаѓа до намалена циркулација, а со тоа и до изумирање на клетките заради намалена циркулација и се отвораат рани кои ги нарекуваме декубити.

Степени на декубитални промени:

Предилекциони места за настаување се оние места каде коскената структура е поблиску до кожата: глутеална регија, лопатки, колкови, лактови, внатрешна страна на колена, предел на главата и др. делови на телото во зависност од локализацијата на притисокот.

Фактори за настанување на декубитусот:

  • Неподвижни и полуподвижни пациенти на кои им е потребно долготрајно лежење во постела
  • Значаен фактор е менувањето на алиштата и постелнината на неподвижното лице
  • Неадекватни кревети и душеци
  • Нехигиенски услови и влага во постелата заради вршење физиолошки потреби во кревет
  • Намален имунитет
  • Хронични заболувања (D.Mellitus)
  • Дехидратација
  • Анемија
  • Хидроелектролитски дисбаланс
  • Губење на протеини
  • Сепса (III и IV стадиум на улцерација)
  • Остеомиелитис
  • Карциноматоза

Декубиталниот душек е составен од компресор кој има главна улога во работата, со наизменично испуштање и пумпање на воздух во коморите, при што се овозможува константа масажа на деловите на телото на кое лежи. Се користат во домашни и болнички услови. При самата работа се тивки, удобни, лесни за носење, поставување и користење и одржување. Минимална потрошувачка на струја од компресорот. Може да се чистат со дезинфекционо средство. Пумпата да не се потопува во вода. Душекот да не се поставува или грее под извор на пареа.

Антидекубиталниот душек е наменет за:

  • Особи кои се приморани подолг период да лежат во кревет
  • Особи кои немаат куќна нега
  • Особи кои не се во состојба сами да се свртуваат
  • Неподвижни особи
  • Особи после интервенции кои налагаат мирување
  • Болници
  • Геријатриски центри

Видови на антидекубитални душеци:

1.Сакест (пневматски) тип – најпобаруван

Пневматскиот антидекубитален душек, е составен од 130 меури со висина од 7см. Принципот на работа на душекот е наизменично полнење и празнење на меурите во 6 минутни интервали, со што се менува притисокот на одреден дел на телото, и се спречува појава на декубитални рани. Овој душек е наменет за превенција и третман од создавање на декубитални рани од прв стадиум кај лежечки пациенти. Може да се користи и во болнички и во домашни услови. 

2.Цевчест тип – за личност со ТТ> 150кг.

3.Статик тип – без компресор; изработени од мемеориска пена

Предности на душекот:

  1. Точна временска ротација на секои 6-10 мин.
  2. Промена на ритам на ротација
  3. Нема нагли движења при ротација
  4. Нема болки при ротација за разлика од рачно превртување на пациентот
  5. Намалени трошкови

Други антидекубитални помагала:

  • Антидекубитални перници
  • Фластери за декубитус
  • Антидекубитална потковица
  • Антидекубитална заштита за пета и лакт

Непријатните и болни моменти направете ги удобни и комфорни.