Автор: Д-р Благовеста Филева Попоска – спец.физијатар – ЈЗУ Општа Болница Охрид

Карпал тунел синдром (КТС)

Честа клиничка слика предизвикана од компресија на n. medianus.

Карпалниот тунел е затворен простор со овална форма. Се наоѓа во коренот на шаката, од воларна страна. Тесен и ригиден простор. Низ него поминуваат тетивите на мускулните флексори на сите прсти, радијална и улнарна артерија и n. ulnaris и n. medianus.

Етиологија

-Фрактура и исчашување на околните коски на карпусот, радиус и улна

-Повреда на околните меки ткива (контузија, повреди, опекотини)

-80% кај особи постари од 40 год.

-Директен притисок на нервот

-Поместување на соседните коски

-Како последица на едем и крварење

-Воспалување на тетивите (tenosynovitis)

-Arthritis reumatica на шаки

-D. Mellitus

-Хипотиреоза

-Тумори

-Како последица на синдром на рамо- шака

-Почесто кај жени (три пати)

-Изложеност на раката на вибрации

-Повеќечасовно работење на компјутер

-Генетски наследен

Дијагностицирање

  • Основна анамнеза
  • Клинички испитувања на сензорни и моторни функции на n. medianus
  • EHO
  • EMNG
  • Специјални тестови: Фаленов, Тинелов знак (перкусионен тест), Дуркан тест (компресија на карпален тунел)

Диференцијална дијагноза

  • Цервикална неуропатија
  • Повреда на plexus brachialis
  • Синдром pronator teres
  • Симптоматска неуропатија
  • Последица на алкохолизам
  • D. Mellitus
  • Алгодистрофија
  • Хипотиреоза

Видови на Карпал Тунел Синдром

  • Акутен
  • Хроничен

Клиничка слика:

  • Болки во карпусот
  • Намален површински сензибилитет
  • Парестезии во местото на инервација на n. medianus
  • Слабост односно пареза на флексорните мускули при обид на штипење на палецот и показалецот при стисок на шаката
  • Неспретни движења на шаките и прстите
  • Знак на пореметена координација
  • Чести ноќни болки
  • Активноста на шаката ги зголемува болките
  • Со масажа на болното место се намалуваат
  • Атрофија на мускулите на тенар инервирани од n. medianus
  • Болка и вкочанетост во дланка и рачен зглоб
  • Трнење на прстите во тек на ноќта или во утринските часови
  • Отекување на палецот или сите прсти
  • Слабост на мускули
  • Испуштање на предмети
  • Неможност за стискање и држење на предмети

Според симптомите КТС по Brotzman има 4 степени:

I степен – динамички: симптоми присутни при активности, а ги нема во мирување

II степен – благ: периодични симптоми, намален сензибилитет на површен допир

III степен – среден: чести симптоми, слабост на мускулите на тенар

IV степен – тежок: континуирани симптоми, атрофија на тенар

Лекување:

Имобилизација со лесна подлакотна ортоза од пластична маса.

 

Имобилизатор за рачен зглоб и палец.

Ортозите ги намалуваат болките, го фиксираат и стабилизираат рачниот зглоб и палецот, го позиционираат и го забрзуваат опоравувањето.

Престанок на активности кои ја зголемуваат компресијата.

Компресивен завој.

Хируршко лекување: ослободување од компресијата

Постоперативна програма за функционално ослободување- поставување завој и мека ортоза која овозможува движења на флексија и екстензија, без форсирање.

Медикаментозна терапија: антиинфламатори, аналгетици, вит. Б12, вит. Е, табл. Магнезиум.

Најефикасна неоперативна мерка е инфлилтрација на карпал тунел со инекција од хидрокортизонски раствор или комбинација на локален аналгетик и кортизонски раствор.

Физикална терапија:

Криомасажа

УЗ и сонофореза и субаквално

Електротерапија ( DD, IF, EF, TENS, EKO-MEDICO H, ES)

MT

Мануелна масажа

Топлотна терапија (парафин)

Акупунктура

Кинезитерапија

Вежби – активно фаќање (вадење предмети од сад)

Вежби со отпор (шиење со игла, растегање со ластик)

Вежби активни за шака и прсти.

Прогресивни вежби за јакнење на екстензорите на шака и прсти, посебно палецот.

Работна терапија.