Во зависност од проблемот и состојбата на вените, Вашиот доктор го одредува видот и степенот на компресија на медицинските чорапи. Откако ќе бидете соодветно измерени од страна на стручно лице и ќе ви биде одредена големината, може да го набавите Вашиот пар компресивни чорапи.

Медицинските чорапи најдобро е да се облечат веднаш по будењето, во лежечка положба уште пред да ги спуштите нозете на подот. При облекувањето пожелно е да се користат медицински ракавици со цел да се олесни нивното навлекување на нозете а воедно и да се превенира оштетување на материјалот од кој се направени.

Лесни се за одржување. Се перат рачно со млака вода и благ детергент.

Leave a Reply

Your email address will not be published.