6101: Медицински чорапи

 Цена: 37денари    *лица до 18 години се ослободени од партиципација

ERSA-516                    

Вените се крвни садови кои ја враќаат крвта од капиларите кон срцето, со помош на контракцијата на мускулите кои се сместени околу вените. Венскиот систем кај човекот се состои од површински и длабоки вени. Се поголем е бројот на луѓе кои страдаат од проблеми со проширени (варикозни) вени. За варикозна проширена вена зборуваме кога вената е зголемена и има јазлести проширувања. Секоја вена моше да биде варикозна, но најчесто се зафатени површинските вени на нозете.

Проширените вени почесто се јавуваат кај жените и се поврзани со наследност во фамилијата. Други поврзувачки фактори се : бременост, прекумерна телесна тежина, пролонгирано стоење, стареење, менопауза, повреда на ногата или некој процес на кој ја отежнува циркулацијата во абдоминалната празнина. Поретко вените се прошируваат како резултат на тромб во длабоката вена и венски или артериовенски дефекти. Вообичаено проширените вени не предизвикуваат болка. По боја се темновиолетови или сини, испакнати и се протегаат по ногата како јаже. Кога ке се појават симптоми тие вклучуваат: болка и чувство на тежина во ногата , топлина, пулсирање, мускулни грчеви и отоци на нозете. Болката и отоците се појавуваат после подолго седење или стоење. Можно е да се јави и црвенило, сушење и јадеж на кожата околу вените нa нозете, потоа појава на кафено пребојување на вените , како и појава на пајаковидни вени. Посериозни компликации на варикозните вени се појава на кожни рани ( венски улцери) вообичаено блиску до зглобот кои миногу тешко заздравуваат, како и појава на згрутчување на крвта и воспаление на зафатената вена-тромбофлебит. Улогата на компресивните чорапи е да ја имитираат контракцијата на мускулот кој се наоѓа околу вената, со цел да ја подобрат циркулацијата и да ги ублажат отокот и болката.Во зависнот од клиничката слика и проблематиката на пациентот, и во консултација со докторот се одредува која должина и кој степен на компресија е соодветен за проблемот кој го има пациентот.Во компресивниот програм спаѓаат медицинските чорапи со градуирана компресија. Постојат прeвентивни, прв, втор и трет степен на компресија. Во моментот ние располагаме со прв степен на компресија CCL1 и втор степен на компресија CCL2. CCL1 чорапите се со јачина од 18-21mmHg, a CCL2 e со јачина од 23-32mmHg. Се употребуваат при длабока венска тромбоза кај пациенти за време на операција. Ја подобруваат состојбата во случај на варикозни вени, самата градуирана компресија на чорапите го подобрува забавеното циркулирање на крвта во вените.

Се користат кај состојби на: -Варикозни вени,
-После склеротерапија,
-Постоперативно, како превенција од создавање на лимфедема -Тромбоза со тенденција за благи отоци,
-Инфламаторни венски заболувања.

Начин на употреба: Свиткајтего чорапот се до прстите. Ставете го почетниот дел од чорапот на прстите. Внимавајте чорапот да не предизвика болка или притисок во стопалото. Петата мора да биде во делот кој што е одбележан. Отворот што се наоѓа на долниот дел од чорапот треба да биде под прстите. Внимавајте при облекување да не направите набори. Горниот дел од чорапите треба да биде околу три прсти под препоните, а страничните панели да се поставени на коската на колкот. Ременот се поставува во пределот на стомакот под папокот.

Важно: Чорапите се аплицираат рано наутро веднаш по будење.

Медицински индикации:

I80 Флебит и тромбофлебит

I83 Варикозни вени на долни екстремитети

Антиемболиски медицински чорапи

Антиемболиски чорапи (надколенки со ремен)
ERSA-517
ЦЕНА: 850 ДЕНАРИ

Антиемболиски чорапи (доколенки)
ERSA-515

ЦЕНА: 480 ДЕНАРИ