Зглобот претставува поврзаност помеѓу две коски. Зглобовите и нивните околни структури ви дозволуваат да ги свиткате лактите и колената, да го свиткате грбот, да ја свртите главата и слично. Мазните ткива наречени ‘рскавици и синовијална течност служат како „перниче„ на зглобовите, така што спречуваат триење со коските. Но, како што старееме, при повреди или при зголемена телесна  тежина, доаѓа до истрошување на ‘рскавицата, а ова може да доведе и до оштетување на зглобовите, како и појава на артритис. 

Еве неколку совети за здрави зглобови:

*Помало движење значи поголема вкочанетост во зглобовите. Затоа бидете активни. Недостаток на вежбање може да ја зголеми болката, така што вметнување вежби во вашата рутина, може значително да влијае во намалување на болката во зглобовите.

*Зајакнете ги мускулите. Тренингот со тегови често се користи како дел од режимот за зајакнување. Но не претерувајте. Со правилен тренинг ќе ја зголемите стабилноста на зглобовите а истовремено ќе ја намалите болката.

*Избалансирана исхрана .Храната игра голема улога во болката на зглобовите. Избалансиран оброк од овошје, зеленчук, житарки и протеини може да помогне во одржување на здрави зглобови.

*Дајте им приоритет на Д витаминот и калциумот, кои се есенцијални за одржување на здравјето на коските. Д витаминот е важен за апсорпција на калциум. Ниското ниво на калциум пак е поврзано со намалена густина на коските и зголемен ризик од фрактури.

*Останете хидрирани. Пиењето вода помага во отстранувањето на токсините од зглобовите и на тој начин влијае на олеснување на болката.

*Користете соодветна заштита за зглобови, со цел да ги задржите во стабилна положба и да спречите несакани повреди додека вежбате или изведувате секојдневни работни активности.

*Престанете со пушењето. Повеќето луѓе не се свесни дека пушењето го зголемува ризикот од остеопороза и фрактури на коските. Пушењето исто така ја зголемува веројатноста за повреди кои вклучуваат бурзитис или тендинитис. Пушачите имаат и поголем ризик од болки во долниот дел на грбот и ревматоиден артритис. Престанете да пушите за да го подобрите здравјето на коските и зглобовите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.