Автор: Д-р Благовеста Филева Попоска – спец.физијатар – ЈЗУ Општа Болница Охрид
Карпал тунел синдром (КТС)
Честа клиничка слика предизвикана од компресија на n. medianus.
Карпалниот тунел е затворен простор со овална форма. Се наоѓа во коренот на шаката, од воларна страна. Тесен и ригиден простор. Низ него поминуваат тетивите на мускулните флексори на сите прсти, радијална и улнарна артерија и n. ulnaris и n. medianus.
Етиологија
-Фрактура и исчашување на околните коски на карпусот, радиус и улна
-Повреда на околните меки ткива (контузија, повреди, опекотини)
-80% кај особи постари од 40 год.
-Директен притисок на нервот
-Поместување на соседните коски
-Како последица на едем и крварење
-Воспалување на тетивите (tenosynovitis)
-Arthritis reumatica на шаки
-D. Mellitus
-Хипотиреоза
-Тумори
-Како последица на синдром на рамо- шака
-Почесто кај жени (три пати)
-Изложеност на раката на вибрации
-Повеќечасовно работење на компјутер
-Генетски наследен
Дијагностицирање
- Основна анамнеза
- Клинички испитувања на сензорни и моторни функции на n. medianus
- EHO
- EMNG
- Специјални тестови: Фаленов, Тинелов знак (перкусионен тест), Дуркан тест (компресија на карпален тунел)
Диференцијална дијагноза
- Цервикална неуропатија
- Повреда на plexus brachialis
- Синдром pronator teres
- Симптоматска неуропатија
- Последица на алкохолизам
- D. Mellitus
- Алгодистрофија
- Хипотиреоза
Видови на Карпал Тунел Синдром
- Акутен
- Хроничен
Клиничка слика:
- Болки во карпусот
- Намален површински сензибилитет
- Парестезии во местото на инервација на n. medianus
- Слабост односно пареза на флексорните мускули при обид на штипење на палецот и показалецот при стисок на шаката
- Неспретни движења на шаките и прстите
- Знак на пореметена координација
- Чести ноќни болки
- Активноста на шаката ги зголемува болките
- Со масажа на болното место се намалуваат
- Атрофија на мускулите на тенар инервирани од n. medianus
- Болка и вкочанетост во дланка и рачен зглоб
- Трнење на прстите во тек на ноќта или во утринските часови
- Отекување на палецот или сите прсти
- Слабост на мускули
- Испуштање на предмети
- Неможност за стискање и држење на предмети
Според симптомите КТС по Brotzman има 4 степени:
I степен – динамички: симптоми присутни при активности, а ги нема во мирување
II степен – благ: периодични симптоми, намален сензибилитет на површен допир
III степен – среден: чести симптоми, слабост на мускулите на тенар
IV степен – тежок: континуирани симптоми, атрофија на тенар
Лекување:
Имобилизација со лесна подлакотна ортоза од пластична маса.
Имобилизатор за рачен зглоб и палец.
Ортозите ги намалуваат болките, го фиксираат и стабилизираат рачниот зглоб и палецот, го позиционираат и го забрзуваат опоравувањето.
Престанок на активности кои ја зголемуваат компресијата.
Компресивен завој.
Хируршко лекување: ослободување од компресијата
Постоперативна програма за функционално ослободување- поставување завој и мека ортоза која овозможува движења на флексија и екстензија, без форсирање.
Медикаментозна терапија: антиинфламатори, аналгетици, вит. Б12, вит. Е, табл. Магнезиум.
Најефикасна неоперативна мерка е инфлилтрација на карпал тунел со инекција од хидрокортизонски раствор или комбинација на локален аналгетик и кортизонски раствор.
Физикална терапија:
Криомасажа
УЗ и сонофореза и субаквално
Електротерапија ( DD, IF, EF, TENS, EKO-MEDICO H, ES)
MT
Мануелна масажа
Топлотна терапија (парафин)
Акупунктура
Кинезитерапија
Вежби – активно фаќање (вадење предмети од сад)
Вежби со отпор (шиење со игла, растегање со ластик)
Вежби активни за шака и прсти.
Прогресивни вежби за јакнење на екстензорите на шака и прсти, посебно палецот.
Работна терапија.