Високите летни температури може да предизвикаат дополнителни проблеми на веќе постоечката болка во нозете кај лицата со ослабена венска циркулација. Во текот на летните месеци грижата за здравјето на нозете треба да биде нсгласена, затоа ви подготвивме неколку совети:
Подигнете ги нозете – кога седите или одмарате, благо подигнете ги нозете за да се подобри циркулацијата на крвта од нозете кон срцето.
Умерена физичка активност (пливање, пешачење) помага во зајакнување на ѕидовите на крвните садови а тоа може да ја забави појавата на проширени вени. Избегнувајте тешка физичка активност како кревање тежина која ќе направи дополнителен притисок врз вените.
Туширање со млака или студена вода помага во стеснување на вените а тоа помага во олеснување на отокот, грчевите и непријатното чувство на тежина во нозете.
Компресивната терапија (компресивни чорапи) ќе ви помогне во подобрување на циркулацијата и редуцирање на болката и отокот и ќе спречи понатамошно влошување на состојбата.
Носете удобна облека – избегнувајте тесна облека и високи потпетици за да спречите отежнување на протокот на крв.