Декубитус или хронична рана преставува оштетување на кожата и на ткивата кои се наоѓаат под неа, како последица на подолга изложеност на телото во една иста позиција, односно кога одреден дел од телото е изложен на континуиран притисок. Најчесто се јавува кај лица кои не се движат.
Бидејќи лечењето на декубиталните рани е долг и скап процес, треба да се даде акцент на превенција од добивање на овие рани.
Како превентивни мерки се сметаат:
-Внимавање на телесната тежина
-Редовно одржавање на хигиена на кожата
-Да се менува положбата на лежење
-Користење на антидекубитална програма
Во антидекубитална програма спаѓаат перници и душеци кои му помагаат на телото да не биде изложено на еден ист континуиран притисок.