2302: Потколен пластичен апарат со ограничување на плантарна флексија (Перенеус)
Цена: 10денари *лица до 18 години се ослободени од партиципација
Претставува ортопедско помагало кое му помага на стапалото да ја задржи правилната позиција под агол од 90°. Ја ограничува плантарната флексија, со што се спречува паѓање на предниот дел од стапалото. Велкро ременот околу глуждот обезбедува удобност при употреба. Погоден е за употреба во обувки.
Медицински индикации:
B91 секвели од полио
G12(G12.0-G12.9) спинална мускулна атрофија и сродни синдроми
G57.2 лезија на феморалниот нерв
G11.1 церебрална атаксија со ран почеток
G57.3 лезија на латералниот поплитеален нерв (парализа на n. peroneus)
G57.6 лезија на плантарниот нерв
G35 мултипла склероза
G60(G60.0-G60.8) хередитарна и идиопатска невропатија
G61(G61.0G61.9) воспалителна полиневропатија
G71(G71.0-G71.9) примарни заболувања на мускулите
G80(G80.0-G80.9) инфатилна церебрална парализа
G81(G81.0-G81.9) хемиплегија
G82(G82.0-G82.5) параплегија и тетраплегија
I69(I69.0-I69.8) секвели од цереброваскуларна болест
M76.4 тибијален колатерален бурзитис (Pelegrini Stieda)
M76.6 Ахилов тендинитис
S86.0 повреда на Ахилова тетива
S93.0 дислокација на зглобот на глуждот
S93.6 шинување и истегнување на други и неозначени делови на стапалото
T93.4 секвели од повреди на нерв на долен екстремитет
Сите состојби кои доведуваат до одземеност на n. peroneus од различна генеза