2510: Корсет платнен лумбален со фишбајни
Цена: 712денари *лица до 18 години се ослободени од партиципација
Овој корсет служи за имобилизација на лумбалниот дел од ‘рбетниот столб. Направен е од перфориран материјал, еластичен е и лесно се приспособува према телото. Во задниот дел од двете страни на рбетот се простираат флексибилни пластични ленти кои овозможуваат стабилност и ограничени движења. За удобноста да биде поголема, во внатрешниот дел на задната страна сместено е меко перниче, кое обезбедува удобност при носење на корсетот. Со дополнителните еластични ленти се обезбедува дополнитена имобилизација.
Медицински индикации:
М47.0–М47.9 спондилоза
М48.3–М48.5спондилопатии
М43.1 спондилолистеза
М54.3 ишијалгија
М54.4 лумбаго со ишијалгија
М54.5 долногрбна болка
М54.9 дорзалгија, неозначено
Т91.1 секвели од фрактура на ‘рбет
S32.0 фрактура на лумбален пршлен
S32.7 мултиплифрактури на лумбалниот ‘рбет и карлицата
S33.0 трауматска руптура на лумбален интервертебрален диск
S33.1 дислокација на лумбален пршлен