3107: Електромоторна инвалидска количка

 Цена: 0денари    *лица до 18 години се ослободени од партиципација

Кај лица со највисок степен на онеспособеност на локомоторниот систем, кога поради парализа или деформитет на раката и ногата не можат активно да движат количка на рачен погон, но со движење на прстите или главата може да управува со електромоторна количка. Оваа количка се препишува кај лица кои се школуваат или се во редовен работен однос

Медицински индикации:

B91 секвели од полиомиелит

G10-G13 системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем

G20-G26 екстрапирмидални заболувања и заболувања на движењето

G30-G32 други дегенеративни болести на нервниот систем

G35-G37 демиелинизирачки болести на централниот нервен систем

G60-G64 полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем

G71-G72 болести на мионевралната спојка на мускул

G81(G81.0-G81.9) хемиплегија

G82 (G82.0-G82.5) параплегија и
тетраплегија

I69 (I69.0-I69.8) секвели од цереброваскуларна болест

M05; M06; M07; M08; M10 воспалителни полиартропатии

M15.9 полиартроза неозначено

M30-M36 системски заболувања на сврзното ткиво

Z89 (Z89.5-Z89.8) стекнат недостиг на долен екстремитет

Z96.6 присуство на ортопедски зглобни имплантанти на нога

T93.2; T93.6;T93.9 секвели од повреди на долен екстремитет

Т95.3 и Т95.9 секвели од изгореници,корозии и смрзнатини