Синдромот на радијален тунел може да предизвика болка и слабост во раката. Состојбата е предизвикана од повреда на радијалниот нерв, која може да ги отежне секојдневните активности. Со правилен и навремен третман, синдромот на радијален тунел може брзо да се лекува.

Што е radial tunnel syndrome?

Radial tunnel syndrome е состојба која предизвикува болка долж горниот дел на подлактицата, предизвикано од притисок врз радијалиот  нерв.

Радијалниот нерв започнува во вратот и се протега по должината на раката. Го контролира движењето на мускулите на надлактицата (трицепс).

Радијалниот  тунел е област под  лактот. Радијалниот нерв влегува во овој тунел од мускули и коски, а потоа патува надолу до рачниот зглоб.

Кога радијалниот  нерв е притиснат, тоа може да предизвика болка и слабост како резултат на некои вообичаени секојдневни активности.

Радијалниот нерв може да се ириритира при постојано изведување на одредени движења со рацете, извршувајќи ги секојдневни работни обврски а тоа може да резултира со синдром на радијален тунел.

Симптоми

Болката и слабоста во подлактицата се знаците за синдромот на радијален тунел. Други симптоми вклучуваат:

болка во задниот дел од раката

болка која се наоѓа веднаш под лактот

болка која се влошува кога ги ротирате зглобовите

болка која се влошува кога ги продолжувате прстите

осетливост на надворешната страна на лактот

тешкотии при фаќање предмети

проблеми со кревање или туркање предмети

Не секој со синдром на радијален тунел ќе ги има истите симптоми. Некои ќе имаат благи симптоми, а други ќе имаат потешки симптоми.

Доколку имате некој од симптомите наведени погоре, потребно е да се консултирате со доктор специјалист (ортопед, физијатар) кој ќе утврди  дали вашите симптоми се предизвикани од синдром на радијален тунел или се работи за друга состојба.

Како се дијагностицира?

За да откриете дали имате синдром на радијален тунел, ќе треба да ве прегледа ортопед или физијатар.

За време на вашиот преглед, ќе ви бидат постават неколку прашања за вашата болка. Бидејќи синдромот на радијален тунел е предизвикан од повторливи движења, потребно е да ви бидат поставени прашања во врска со вашата работа и хоби.

Физички отпор

Постојат неколку тестови со физички отпор, што ќе ги направи медицинскиот професионалец за да види кои дејства ви предизвикуваат болка.

Електромиографија (ЕМГ)

Во некои случаи, може да имате тест наречен електромиографија (ЕМГ). ЕМГ им овозможува на лекарите да видат колку добро функционираат вашите мускули и нерви, вклучувајќи го и радијалниот нерв.

ЕМГ има два дела – студија за спроводливост на нервите и ЕМГ со игла.

За време на студијата за спроводливост на нервите, електродите се поставуваат на кожата на вашата рака за да се измери колку добро комуницираат радијалниот нерв и мускулите на трицепсот.

За иглата ЕМГ дел од тестот, ќе се користи игла за да се вметнат електроди во мускулот на вашата рака. Овие електроди ќе ја мерат електричната активност на вашиот мускул.

Ќе ви биде дијагностициран синдром на радијален тунел, ако резултатите од вашето ЕМГ покажат дека вашата болка е предизвикана од повреда на радијален нерв во радијалниот тунел.

Третман

Постојат неколку опции за третман за синдромот на радијален тунел.

Од каде да започнете?

Вашиот доктор може прво да се обиде со помалку инвазивни третмани за да види дали тие помагаат со вашите симптоми. Вашиот план за лекување најверојатно ќе започне со:

Одмор – одмор од активноста што го предизвикува синдромот на радијален тунел

( 3 до 6 недели).

Лекови за намалување на болка

Помагала за имобилизација на зглобот или лактот

Физикална терапија за зајакнување на мускулите на рацете

Ако болката  е посилна, можно е да биде потребна  терапија со стероидни инјекции. Стероидните инјекции можат да го намалат отокот во мускулите на рацете и да го олеснат притисокот врз радијалниот нерв. Целта на третманот е да се спречи  враќање на болката. Вашиот лекар може да препорача да продолжите да носите помагало и во текот на ноќта,  дури и откако  болката ќе престане.

Хируршки третман

За многумина, горенаведените третмани се доволни за да се ублажат симптомите на синдромот на радијален тунел. Сепак, останатите можеби нема да чувствуваат олеснување од болка од овие стандардни третмани. Во тој случај, можеби ќе биде потребен хирушки третман.

За време на операцијата се проширува радијалниот тунел. Ова ќе го намали притисокот врз  радијалниот  нерв и ќе му овозможи повеќе простор.

Периодот на опоравување може да потрае 6 до 8 месеци до целосно закрепнување од операција на радијален тунел. Закрепнувањето од операција обично вклучува одмор и физикална терапија.

Вашиот физиотерапевт и хирург ќе ве советуваат кои активности се безбедни за извршување.

Leave a Reply

Your email address will not be published.