Групацијата ЗЕГИН изминативе 4 години посветено и неуморно работи на изградба на уште еден препознатлив бренд, преку секојдневна грижа и посветеност на здравјето на пациентите. Нашата цел е да им го олесниме живеењето и бидеме нивна поддршка во животот, преку обезбедување широка палета на ортопедски помагала и суплементи за здрав ‘рбет, зглобови и коски, со висок квалитет и најдостапни цени на пазарот. Во нашиот програм ортопедски помагала располагаме со богат избор на ортози за ‘рбет, горни и долни екстремитети, влошки, антидекубитален и компресивен програм, високоперформантни анатомски пелени за инконтиненција, како и алуминиумски инвалидски колички, лесно склопливи и погодни за транспорт, на товар на ФЗОМ со кој имаме склучено договор. Од неодамна, нашата палета ја збогативме и со градни протези и ортопедски градници на товар на ФЗОМ, поддржувајќи ги сите жени, сопруги, мајки… во борбата со карциномот на дојка. Нашите производи може да ги најдете во сите ЗЕГИН аптеки кои работат со ортопедски помагала низ целата држава, како и во нашите специјализирани продавници ЗЕГИН ОРТОПЕДИК во Скопје и Тетово.
Грижата за здравјето на пациентите секогаш ќе биде нашиот приоритет на кој посветено ќе работиме, за и во иднина да имаме успешни приказни за раскажување.