Автори:

Д-р Благовеста Филева Попоска, специјалист физијатар – ЈЗУ Општа Болница Охрид

Д-р Сандра Ел-Нади Коруноска, доктор на медицина – ЈЗУ Општа Болница Охрид

pain

Синдром на болка, воспаление на петица, се јавува како резултат на одбрана на организмот на долготрајно оштетување или иритација на припојот на плантарна фасција на коската на петица.

Поради оптоварување, спуштени стапала или чести механички притисоци, петата се брани со тоа што создава калцификатни наслаги (калциумови соли) на долната страна на петицата. Создадениот калцификат го спречува оштетувањето на припојот на тетивата, но истовремено врши притисок на мускулното ткиво и локалната инервација па како резултат на тоа настанува болка и воспаление на петицата.

  • Етиологија

-обезитност (зголемена ТТ),

-рамни стапала,

-жени кои често носат обувки со високи потпетици и генерално носење на неадекватни обувки кај општата популација,

-долго стоење во место и одење,

-кај спортисти (при интензивен физички напор и оптеретување).

  • Клиничка слика

 -Благ облик (без болки и симптоми)

– Болки во предел на долната и внатрешната страна со различен интензитет, притисок во мекото ткиво создава болка во предел на петицата. Болката е најизразена во утринските часови, поретко во текот на денот.

Кај потежок односно посериозен облик на болеста,  болката е присутна и во текот на денот и при извршување на секојдневните активности, ригидност (вкочанетост) во прстите на стапалото.

  • Дијагноза
  • Лекарски преглед
  • Рентген слика (RTG)
  • ЕХО дијагностика
  • Терапија

Целта е да се лекува оштетената структура, намалување на болката, истегнување на меките структури, јакнење на мускулатурата на нозете.

  • Одмор (од особена важност)
  • Физикална терапија која опфаќа:
  • Криотерапија и криомасажа (терапија со ладење на местото на воспаление и болка
  • UZ  (ултразвук, сонофореза) 
  • IF (терапија со интерферентни струи)
  • LASER (најголемо аналгетско дејство)
  • МТ (терапија со магнетни бранови)
  • SHOCKWAVE терапија (ударен бран) по пат на звучни бранови се предизвикува иритација на болното место и со тоа се поттикнува процес на заздравување. Овој метод претставува иновативна, модерна и ефикасна терапија при лекување на оваа и други болести на мускуно- скелетниот систем  
  • Мануелна масажа (директно на болното место)
  • Вежби (дозирани, истегнување на мазна мускулатура на нозе, стапала- истегнување при плантарна флексија и екстензија на прстите, дорзифлексија на скочниот зглоб)
  • Кај најтешките случаи со CALCAR CALCANEI се оди со оперативен зафат со тоа што секогаш се предупредува пациентот дека постои можност за повторно јавување на шилец во петицата (рецидив)
  • Антиинфламаторни лекови
  • Блокада  (локална апликација на кортикостероидна инекција)- во случај на силна и неиздржлива болка се аплицира инекцијата при што после истата потребен е минимум 48 часовен апсолутен одмор. Овој тип на терапија не секогаш е ефикасен поради бројните структури кои се наоѓаат во петицата кои ја отежнуваат апликацијата на блокадата локално
  • TAPING (ставање на траки) – на надворешниот дел од петата, долната подколеница за потпора на тетивата
  • Кожни или силиконски влошки со отвор (во пределот на петицата)
  • Силиконски влошки со антишок зона за петицата
  • Ортопедска влошка со перформирана петица

Улогата на носењето на влошки кај CALCAR CALCANEI е во тоа што тие го амортизираат ударот на петата од подлогата, ја апсорбираат силата при котакт на петата и тврдата подлога, го намалуваат оптоварувањето на петната коска и со тоа се ослободува целото стапало.

Силиконски влошки – Зегин Ортопедија
Силиконски влошки – Зегин Ортопедија

  • Последици

Попуштање, нарушување на балансот на мускулно- скелетниот систем и лошо држење, став (постура) на телото, болки во други зглобови, артрозни промени на колкови, колена, тендинитис, болки во лумбалниот дел на ‘ рбетот.

Како резултат на зголемен притисок во предел на стапалото односно петицата може да се развие воспалителна ќеса (бурза) исполнета со течност.

Присутна пулсирачка болка може да се јави како резултат на секундарни компликации :

  1. Bursitis retrocalcanea
  2. Tendiitis Achilles (Воспаление на Ахилова тетива)
  3. Halgund Syndrome
  4. Apofizitis calcanei (Morbus Sever)
  5. Entesitis (стапало, Ахилова тетива)
  6. Во основа, како и за секоја друга патологија така и за оваа, клучно во третирање на болеста и намалување на болката е брза и навремена реакција од страна на пациентот (посета на лекар при појава на првите знаци на нелагодност и болка во предел на петица, прсти и стапало) и секако детален преглед, прецизна дијагностика и соодветен третман од страна на лекар- специјалист.