Проширени вени. За варикозна проширена вена зборуваме кога вената е зголемена и има јазлести проширувања. Секоја вена може да биде варикозна, но најчесто се зафатени површинските вени на нозете. Проширените вени почесто се јавуваат кај жените и се поврзани со наследност во фамилијата. Други поврзувачки фактори се: бременост, прекумерна телесна тежина, пролонгирано стоење, стареење, менопауза, повреда на ногата или некој процес кој ја отежнува циркулацијата во абдоминалната празнина.
Симптоми:Болка и тежина во нозете
Топлина
Пулсирање
Мускулни грчеви и отоци на нозете
Појава на црвенило
Сушење и јадеж на кожата околу вените на нозете
Кафено пребојување на вените
Појава на пајаковидни вени
Посериозни компликации
Кожни рани (венски улцери)
Појава на згрутчување на крвта и воспаление на зафатената вена – тромбофлебит
Улогата на компресивните чорапи е да ја имитираат контракцијата на мускулот кој се наоѓа околу вената, со цел да ја подобрат циркулацијата и да ги ублажат отокот и болката.
Во зависност од клиничката слика и проблематиката на пациентот, во консултација со доктор се одредува која должина и кој степен на компресија е соодветен за проблемот кој го има пациентот.
Во нашиот компресивен програм спаѓаат медицински чорапи со градуирана компресија:
CCL 1 со јачина 18-21 mmHg
CCL 2 со јачина 23-32 mmHg
Состојби каде што се користат компресивните чорапи:Варикозни вени
После склеротерапија
Постоперативно
Тромбоза со тенденција за благи отоци
Инфламаторни венски заболувања
