СКОЛИОЗА

(SCOLIOSIS)

Автор : Д-р Сандра Ел-Нади Коруноска, доктор на медицина – ЈЗУ Општа Болница Охрид

Ментор : Д-р Благовеста Филева Попоска, спцијалист физијатар – ЈЗУ Општа Болница Охрид

  • Сколиоза претставува искривување на една или друга страна, на едно или повеќe мeста по должината на ‘рбетниот столб како резултат на нарушен развој на мускулите кои го движат т.е го одржуваат во исправена положба.
  • Етиологија

Постојат два типа на сколиоза :

  • Функционална сколиоза се јавува како последица од неправилно држење (став) на телото, без структурни промени на пршленските тела. Причини: нееднаква должина на долни екстремитети (кратка нога), конгенитални деформации на колк, работно место каде постои специфично држење на телото (компјутер, биро итн).
  • Структурална или примарна сколиоза се дели на неколку подвидови и тоа : идиопатска сколиоза– се јавува во рана возраст кај новодреднчиња, школска возраст и пубертет со видливи промени при инспекција на ‘рбет (ротација на пршлените со што нивните шилести продолжетоци бегаат на една или друга страна), прогредира до завршување на периодот на раст; видливи и мерливи промени на РТГ; нема корекција при антефлексија на телото или во лежечка положба

конгенитална (вродена) сколиоза

паралитична сколиоза – предизвикана од примарна болест (парализа), полимиелит, прогресивна мускулна атрофија, спастична хемиплегија и др.

  •  Патогенеза и клиничка слика

  Примарна кривина (начесто на десна страна)             Компензаторни кривини

Асиметријата на ‘рбетниот столб се прати во три димензии:

  1. Сагитална (од напред на назад)
  2. Фронтална (side to side)
  3. Трансверзална (ротациони движења)

Во сагитална положба се следат уште две искривувања и тоа : ЛОРДОЗА односно искривување во долниот лумбален дел на ‘рбетниот столб (промена на агол) и  КИФОЗА која се јавува како заоблување на ‘рбетот во горниот (торакален) дел од рбетот.

Генерално кај деформитетите на ‘рбетот од полесна форма се очекува и спонтано исправување, додека кај потешки форми на искривување како последици се јавуваат заостанување во понатамошниот раст и развој (кај деца), секундарни или последователни деформации на градниот кош и како резултат на тоа проблеми при дишењето, нарушувања во работата на срцето, нарушувања во крвотокот како и намален и ослабнат имунитет.

  • Дијагноза
  • Рано откривање и детектирање во детска/школска возраст кај детето од страна на родителот
  • При систематски преглед во школска возраст
  • Лекарски преглед (матичен преглед, педијатар, ортопед и физијатар)

Физијатрискиот преглед се состои пред се од инспекција (став во мирување- асиметрија на рамена и лопатки), следење на ‘рбетниот столб со исцртување на линија покожата со прст, антефлексија (наведнување) на телото или т.н Адамсов тест со прави колена и притоа мерење на аголот на ротација со помош на сколиометар, следење на асиметрија на ивици на скапули и crista iliaca на карличните коски; следува палпација; RTG наод; во некои случаи, зависно од тежината на клиничката слика и КТ (компјутерска томографија).

Од големо значење при дијагностика на сколиоза претстаува и методата на мерење на т.н Кобов агол (мерка на кривината на ‘рбетот во степени) кој исто така помага и во следење на процесот на прогресија на кривината или степенот на постигната корекција ако детето носи ортоза.

мерење на Кобов агол (Cobb angle)

  • Ризик фактори за развој на сколиоза кај дете
  • Физички и психички замор
  • Краток, недоволен сон
  • Долго седење пред компјутер или ТВ
  • Неправилно седење на училиште и дома
  • Третман

-пред се редовна физичка активност особено во детска, школска возраст односно период на раст на детето со цел да се обезбеди целосен развој на организмот низ ускладени физички и психички активности;

-правилно држење на телото при седење и стоење;

-квалитетна исхрана богата со витамини, минерали и протеини

-носење на посебни влошки за кревање на ногата , симетрија на колкови и со тоа елиминација на сколиоза

-поставување на посебен корсет за корекција на кифоза и сколиоза тип тлсо; еластични и метални корсети за кифоза

-кинезитерапија која се состои од респираторни вежби, стомачни вежби, шведски скали, лежење на грб, стомак и четвороножен став во кој трупот е паралелен на подлогата, вежби пред огледало; хидротерапија со која се постигнува појачување на скелетна мускулатура и одржување на респираторната функција; вежби за истегнување на задна мускулна ложа

-пливање- активно околу 30 минути после вежбање (2-3 пати неделно доколку има услови за тоа)

*Сите вежби во прво време се изведуваат во сали за кинезитерапија под надзор и упатство од страна на физиотерапевт, а подоцна истите се советува да се применуваат секојдневно во домашни услови од страна на пациентот и под надзор на родителот.

топлотна терапија (парафин)

електротерапија: TENS (електростимулативна метода која помага во смирување и ослободување на компресирани нерви на грбот кои предизвикуваат напнатост и спазам на грбната мускулатура); UZ (ултразвучна терапија кај повозрасни пациенти со цел релаксација на мускулатура на врат, рамен појас и грбни мускули); Електрофореза со KJ- kalium jodid (аналгетско дејство кај пациенти кои искусиле болка какао резултат на деформитети на ‘рбетот- сколиоза и сл.)

– поставување на гипсен или корсет /мидер

– оперативен третман – корекција на ‘рбетниот столб по Harrington

Успешноста во третирање и лекување на сколиозата се постигнува со рана детекција односно откривање на деформитетот, третман од страна на стручно лице и во соодветни здравствени установи и во детска возраст од големо значење претставува соработката помеѓу родителот и детето, упорноста и поддршката при долготрајниот процес на лекување на оваа состојба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *