Храна која е добра за вашиот ‘рбет
Дали се соочувате со болки во ‘рбетот и барате начин да ги спречите? Верувале или не, храната што ја јадете може да игра голема улога во здравјето на ‘рбетот.
Одредена храна е се што му е потребно на ‘рбетот да остане здрав и силен. Значи, здравјето на ’рбетот започнува со правилен избор на храна.
Која храна е најдобра за здравјето на ‘рбетот? Продолжете да читате за да дознаете. Издвојуваме неколку намирници кои ќе ви помогнат да го одржувате ‘рбетот силен и здрав.
Растителни протеини
Протеините што се наоѓаат во одредени растенија се одлични за здравјето на ‘рбетот. Овие протеини се различни од оние што се наоѓаат во месото.
Држете се до протеините на растителна основа што е можно повеќе. Протеините базирани на животинско потекло можат да доведат до воспаление.
Наместо да изберете протеини од животиснко потекло, земете го вашиот протеин од храна како чиа семе, леќа и грав. Тие се доста хранливи поради тоа што содржат различни корисни антиоксиданси, влакна, витамини и минерали.
Ако сеуште сакате да внесете протеини од животинско потекло во исхраната, изберете посни меса. Ова значи избор на пилешко и риба наместо говедско и свинско месо.
Зеленчук
Зелениот лиснат зеленчук е полн со магнезиум, железо, калциум и фолати (витамин Б9) кои телото ги користи за одржување на здравјето на коските и нервите. Содржината на антиоксиданти во него ги штити клетките и е идеална за луѓе кои се опоравуваат од повреда на ‘рбетниот мозок. Вметнете зелен лиснат зеленчук како спанаќ, брокула и зелка за да ги одржите здрави коските и ткивата на ‘рбетот. Зеленчуците со силни природни пигменти се најдобри.
Лосос
Ако не сте против морска храна, редовно додавајте малку лосос во вашата исхрана. Лососот е одличен извор на посни протеини, како и на уште една корисна хранлива материја: омега-3 масни киселини. Омега-3 масните киселини го одржуваат здравјето на коските и ткивата. Тие исто така се борат против воспалението, исто како и лиснатиот зелен зеленчук.
За среќа, лососот е разновиден и вкусен кога е подготвен на вистински начин. Постојат многу фантастични јадења од лосос што можете да ги испробате. Тие ќе го зачинат вашето мени а истовремено ’рбетот ќе има корист од нив.
Млечни производи
Калциумот е многу важен за одржување и подобрување на здравјето на коските. Кој е најлесениот начин да внесете дополнителен калциум во вашата исхрана без да земате додаток во исхраната? Зголемете го внесот на млечни производи, односно оние кои се најбогати со калциум. Сирењето, млекото и јогуртот спаѓаат во оваа категорија.
Како и со многу други групи на храна, може да се случи да претерате со млечни производи. Не претерувајте со вашето омилено сирење со изговор дека ви треба дополнителен калциум. Бидете паметни за тоа како јадете млечни производи за да не внесувате премногу маснотии или холестерол во вашата исхрана.
Калциумот може да се најде и во друга храна. Меѓу нив е лиснатиот зелен зеленчук кој го спомнавме и претходно.
Билки и зачини
Многу билки и зачини се одлични за промовирање на здравјето на ‘рбетниот столб. Куркумата е зачин кој најчесто се користи во индиската кујна, вклучувајќи јадења со кари, помага да се поправи оштетеното ткиво.
Постојат билки кои исто така се борат против воспалението, како: цимет, рузмарин, босилек и ѓумбир.
Додадете ги овие и други здрави зачини и билки во вашите рецепти во текот на денот. Или користете ги за да создадете здрав, вкусен билен чај. Билните чаеви помагаат во зајакнување на вашиот имунолошки систем, го намалуваат воспалението и истовремено имаат одличен вкус.
Овошје
Исто како и зеленчукот, тука треба да ги изберете високо-пигментираните типови овошје. Но исто како и со млечните производи, не треба да претерувате ни со овошјето. Запомнете, овошјето е шеќер, па затоа јадењето премногу овошје може да биде штетно за вашето здравје.
Бобинките се одлични за здравјето на ‘рбетниот столб. Тие се преполни со антиоксиданти и хранливи материи кои ќе ви помогнат ‘рбетот да биде силен и да остане здрав.
Па така може да ги додадете во вашиот појадок, ручек или вечера, или пак да ги искористите како десерт.
Авокадо
Без разлика дали сте љубител на авокадо или не, авокадото е одлично за вашиот ‘рбет. Авокадото изобилува со здрави масти што му се потребни на вашето тело, како и влакна и калиум. Сето ова го прави авокадото одлично за вашето здравје во целина. Се смета за антиинфламаторна храна, добро е за ослободување од болки во грбот, а содржината на калиум ќе помогне во намалување на отокот.
Бадеми
Бадемите се богати со магнезиум, калциум, витамин Е и фосфор, што е од суштинско значење за јакнење на коските. Омега-3 масните киселини и антиоксидансите во бадемите се борат против воспалението и го промовираат здравјето на коските.
Ленено семе
Семето од лен е богато со омега-3 масни киселини кои помагаат во борбата против воспалението. Бидејќи е добар извор на растителни протеини, ова ќе ги одржи мускулите и коските силни.
Здравиот ‘рбет е од витално значење за вашата благосостојба. Редовни и правилни вежби заедно со здравата исхрана и малку грижа, ќе помогнат во одржување на здравјето на ‘рбетот.
Од голема помош се и ортопедските помагала за ’рбетен столб кои овозможуваат дополнителна поддршка на ’рбетот, а тоа значи намалување на болките и спречување понатамошно влошување на состојбата.