Појасите за трудници се дизајнирани да го поддржуваат долниот дел на грбот и стомакот за време на бременоста, обезбедувајќи многу придобивки за активните жени кои се бремени, особено во текот на вториот и третиот триместар. Издвојуваме 5 причини зошто е корисно да носите појас за трудници во текот на бременоста:

1. Појасите за трудници помагаат да се намали болката во грбот и зглобовите која во текот на бременоста знае да биде фрустрирачка и да го отежне учеството во секојдневните активности.

2. Појасите за трудници обезбедуваат нежна компресија за време на активностите. Нежната компресија на абдоменот може да помогне во поддршката на матката и да ја намали непријатноста од движењето за време на физичката активност.

⚠️Но бидете внимателни! Преголемата компресија на абдоменот може да ја наруши циркулацијата и може да предизвика негативни ефекти врз крвниот притисок.

3. Појасите за трудници го олеснуваат правилното држење на телото. Со поддршка на долниот дел на грбот и торзото, се поттикнува правилното држење на телото а тоа помага во спречување на преголемото проширување на долниот дел на грбот.

4. Појасите за трудници овозможуваат успешно да се вклучите во секојдневните физички активности и да се намали непријатноста во текот на вежбање.

5. Многу жени откриваат дека носењето појас за трудници после породувањето обезбедува дополнителна поддршка за абдоменот и долниот дел на грбот, намалувајќи ја непријатноста. Појасот за трудници може да биде корисен за жените кои доживеале одвојување на стомачните мускули (diastasis recti) со нивно физичко спојување. Во комбинација со специфични вежби, ова може да помогне во затворање на јазот помеѓу стомачните мускули.

⚠️Но запомнете! Појасот е привремено решение за олеснување на состојбата или нарушената функција. Со негова долготрајна употреба може да се намали тонусот на мускулите под појасот, со што се предизвикува нивно долгорочно ослабување. 

⚠️По совет на лекар.

Leave a Reply

Your email address will not be published.