Политика на приватност Зегин Фарм Ортопедик Д.О.О Скопје
Оваа политика за приватност има за цел на јасен и транспарентен начин да Ве информира за собирањето, употребата, чувањето и обработката на личните податоци од страна на Зегин Фарм Ортопедик Д.О.О Скопје (Зегин Ортопедик).
КОЈ Е ОДГОВОРЕН ЗА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?
Зегин Ортопедик со седиште на ул. Бел Камен бр.8, Скопје е контролор на обработката на лични податоци.
Зегин Ортопедик е заеднички контролор заедно со други компании во Зегин групацијата (Зегин ДОО, Скопје, МОЈА АПТЕКА Скопје, ЗЕГИН ФАРМ Скопје, Фондација Др. Верица Механџиска, ЗЕГИН МЕДИКА ДООЕЛ Скопје, ЗЕГИН ХЕЛТИ ФУД Скопје) за обработка на лични податоци преку веб страната zegin.com.mk за што може да се информирате и во нашата заедничка Политика на приватност https://zegin.com.mk/index.php/mk/politika-na-privatnost
Ве молиме прочитајте ја оваа Политика и повремено проверувајте ја истата бидејќи го задржуваме правото да ја менуваме согласно нашите активности и настанати промени.
ЧИИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ СОБИРАМЕ?
Ние можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
- Корисници на услугите на Зегин Ортопедик
- Потрошувачи, корисници на услуги и производи
- Посетители во нашите специјализирани продавници и веб страната https://zeginorthopedic.mk/
- Даватели на услуги кои се физички лица и вработени, овластени лица контакти во правни лица кои се наши даватели на услуги, добавувачи со кои соработуваме
КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ СОБИРАМЕ ?
- Податоци за корисникот на ортопедско или друго медицинско помагало за идентификација и контакт: име и презиме, датум и место на раѓање, адреса, телефонски број, е-пошта, ЕЗБО на осигуреник, ЕМБГ на осигуреник, број на здравствена легитимација на осигуреник, податоци за осигурување, подрачна служба на осигуреник, основ на осигурување, број на здравствено осигурување/идентификација на странски осигуреник, држава на странски осигуреник;
- Податоци за членови на семејство, носители на осигурување, посредници кои подигнуваат медицинско помагало во име на корисникот: име и презиме, телефон, е-пошта, ЕМБГ, ЕЗБО, потпис;
- Податоци од обезбедени медицински услуги и медицинскиот третман: дијагноза, терапија, медицинска документација, препораки, мислења, лекар и здравствена установа, податоци за издадени медицински средства или ортопедски помагала;
- Податоци од посета на веб страницата: информации за веб-страници на веб-сајтот кои ги посетил Корисникот, веб-страници кои го пренасочиле Корисникот на zegin веб-страницата, веб-страници кои Корисникот ги посетил преку линкови кои се презентирани на zegin веб-страницата, датум и време на тие посети, IP адреса на корисникот/ IP адреса од уредот-компјутерот/таблет/телефон од каде се прави порачката, тип на интернет прелистувачот што го користи Корисникот, клучни зборови кои ги користи Корисникот при пребарување на zegin директориумот, бројот на корисници кои го виделе интернет огласот (банерот) на zegin веб-страницата, бројот на кликнувања на интернет огласите (банерите) на zegin веб-страницата.
- Податоци од финансиска природа: Ние може да имаме пристап до информациите за наплата, како на пример, пристап до видот на платежната картичка, датум и време на трансакцијата, износ на трансакцијата, ограничен дел од бројот на картичката (на начин што е генерално дозволен од издавачите на платежни картички), податоци за нарачката, идентификациски број на нарачката;
- Податоци од видео надзор: кои се собираат при посета на нашите специјализирани продавници. За вршењето на видео надзорот поставени се известувања поставени во самите простории;
- Податоци за вработени кај добавувачи, даватели на услуги кои се правни лица: име и презиме, адреса, контакт податоци (email, телефонски број), работна позиција, правно лице, вид на договор и услуга, податоци за обезбедување на услугата;
- Податоци за физички лица даватели на услуги: име и презиме, адреса, ЕМБГ, податоци за исплата, вид на договор и услуга, податоци за обезбедување на услугата, финансиски и даночни податоци.
ОД КАДЕ СЕ СОБИРААТ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?
- По правило Вашите лични податоци ги добиваме директно од Вас кога ги користите нашите производи и услуги;
- Од трети лица кои подигаат ортопедски или други медицински помагала во Ваше име или се носител на осигурување;
- Од Вашиот матичен лекар, други здравствени установи и лекари вклучени во Вашиот третман и терапија;
- Од електронски евиденции на Фондот за здравствено осигурување, Министерството за здравство или други јавни институции врз основа на закон;
- Кога ги посетувате нашите специјализирани продавници преку систем за видео надзор за што постои известување;
- Од јавно достапни регистри, Биро за јавни набавки, интернет, саеми, организирани настани, кога воспоставуваме деловен однос со нашите бизнис партнери, добавувачи, даватели на услуги.
ЗА КОЈА ЦЕЛ ГИ КОРИСТИМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?
- Ефективно обезбедување на услуги на нашите потрошувачи, корисници на ортопедски или други медицински помагала;
- Да одговориме на прашања во врска со нашите производи и услуги, други барања, предлози, поплаки;
- Податоци за нарачката и плаќањата може да се користат за маркетинг и бизнис развој, анализа, детектирање на измами и кражби во врска со онлајн продажбата согласно законските прописи;
- Доставување на директни маркетинг понуди, информации за попусти, преку електронски пораки (e-mail) и текст пораки, телефон или преку пошта, но само за производи за кои е дозволен маркетинг и врз основа на Ваша согласност;
- За оптимизирање на онлајн корисничкото искуство, персонализирани маркетинг пораки и промоции кои се резултат на алгоритамска анализа и предвидување на преференци, интереси и однесувања;
- За истражување и следење на однесувањето на корисникот, неговите навики и интереси, за да се анализира ефикасноста на рекламирањето, заради статистички цели и заради подобрување на понудените услуги. За оваа цел може да користиме Google Analytics. Зегин може да ги обработува овие информации во персонализирана форма заедно со други информации за Корисникот што тој ги доставил при регистрацијата.
ПРАВЕН ОСНОВ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Секогаш кога ги обработуваме Вашите лични податоци, ние за таа обработка имаме правен основ. Правниот основ за обработката на Вашите лични податоци може да биде:
Вашата согласност – Ова се однесува кога Вие ги обезбедувате Вашите лични податоци и се согласувате ние да ги обработуваме со цел да Ви обезбедиме конкретна услуга, на пример:
Вие може да добиете маркетинг комуникација од наша страна. Ние може да ги користиме Вашите податоци за идентификација, контакт, преференци и кориснички профил за да дознаеме кои продукти, услуги и маркетинг промоции би биле од Ваш интерес, единствено по дадена согласност од Ваша страна. Вие имате право во секое време да ја повлечете согласноста преку понудена опција секогаш кога добивате маркетинг понуди преку email. Дополнително, за повлекување на согласноста за маркетинг понуди, можете да ни доставите информација на следниот email: zeginonline@zegin.com.mk, или контактирајте го нашиот Офицер за заштита на лични податоци.
Може да складираме одредени колачиња на Вашиот уред. Колачиња се мали текстуални датотеки кои се сместуваат во Вашиот уред од страна на веб страните кои ги посетувате. Може да поставиме аналитички колачиња (овие се исто така познати како колачиња за изведба и ја мерат/снимаат Вашата интеракција со нашата страница за да можеме да направиме подобрувања) на Вашиот уред. Ве молиме погледнете ја нашата Политика за колачиња на нашата веб-страница за повеќе информации за различните видови колачиња што ги користиме и нивната намена. http://zeginorthopedic.mk/index.php/politika-na-kolacinja/
Исполнување на договор – Ова се однесува кога Вие ни ги обезбедувате Вашите лични податоци за реализација на нарачка и плаќање за добивање на производ или услуга (на пример, сакате да купите производ и ние можеме да управуваме со логистиката поврзана со тоа) или при доставување на понуди, склучување и исполнување на договорните обврски со нашите давателите на услуги и добавувачи.
Нашите легитимни интереси – Ова се однесува кога Вие ни ги обезбедувате Вашите лични податоци и ние ги користиме за:
- Може да ги користиме Вашите лични податоци за да можеме да го процесираме секое Ваше плаќање кога користите наши производи и услуги (вклучувајќи ја и проверката дека Вашата исплата е ослободена од измама или друга сомнителна активност).
- Може да ги користиме Вашите лични податоци за да се осигураме дека нашите веб-страници/апликации функционираат соодветно и се безбедни и сигурни.
- Да одговориме на Вашите прашања и барања.
- Остварување на било какви правни барања или за статистички цели.
- Обезбедување на физичка сигурност, заштита на имотот преку системите за контрола на пристап до нашите простории и видео надзор.
- Менаџирање на добавувачи на стоки и услуги и други активности во врска со бизнисот, како и за внатрешни административни цели заедно со другите членки на Зегин.
- Управување со деловните операции и бизнис процеси, вклучувајќи планирање и организирање на работата, инвестиции, анализа и развој на продажбата заедно со другите членки на Зегин.
За да почитуваме одредена законска обврска – Ова се однесува кога Вие ни ги давате Вашите лични податоци кои ние треба да ги чуваме поради наши правни причини (на пример, кога купувате одреден производ, ние треба да ги чуваме Вашите информации за трансакцијата за да се усогласат со нашите обврски за даночно и финансиско известување).
Личните податоци за корисниците на ортопедски и други медицински помагала, кои ги обработуваме се предвидени со одредбите на Законот за здравствено осигурување, Законот за лековите и медицински помагала.
Посебни категории на лични податоци
Согласно прописите за заштита на личните податоци, податоци за здравјето претставуваат посебна категорија на лични податоци. Оттука, овие лични податоци ги обработуваме единствено во согласност и врз основа на позитивните законски прописи и/или врз основа на Ваша изречна согласност. Со цел заштита на здравствени податоци (вклучително и сите други видови на лични податоци) преземаме соодветни технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита при обработката на личните податоци. Нашите вработени се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци) до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи. Воедно, применуваме сигурносни мерки при собирањето, чувањето и обработката на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци.
КОЈ МОЖЕ ДА ИМА ПРИСТАП ДО ПОДАТОЦИТЕ?
Може да ги провериме Вашите податоци со трети страни кои се вклучени во Вашата нега, како матичниот лекар или друг здравствен работник со цел обезбедување на ефикасен третман, на начин кој е соодветен на принципите за заштита на личните податоци.
Вашите податоци може да бидат пренесени во Фондот за здравствено осигурување врз основа на склучен договор, Министерството за здравство, Агенцијата за лекови и медицински средства, како и други регулаторни институции на кои сме законски обврзани, кои ја контролираат законитоста на нашето работење, квалитетот на нашите услуги, точноста на податоците и извршените плаќања.
Ние не ги споделуваме Вашите лични податоци со трети лица, освен со Ваша согласност или врз основа на барање од полиција, суд, или друга институција во постапка предвидена со закон.
Ние можеме да ги споделиме Вашите лични податоци во рамки на групацијата на ЗЕГИН ако тоа е потребно за исполнување на погоренаведените цели, а врз основа на склучен договор во кој се меѓусебно регулирани нашите законски обврски и одговорности во врска со заштитата на личните податоци.
Пристапот секогаш ќе се контролира врз основа на need-to-know basis, и ќе се обезбеди само таму каде што е неопходно за да Ви ги обезбедиме бараните услуги или за да ни дозволите да ги извршуваме сите неопходни или легитимни функции. Каде што е дозволено, ние исто така може да споделиме некои од Вашите лични податоци, вклучувајќи ги и податоците собрани преку колачиња, за да ги усогласиме и ажурираме информациите што ги споделувате со нас, да изведуваме статистика врз основа на Вашите карактеристики и да ги прилагодиме нашите комуникации за Вас.
Вашите лични податоци исто така може да бидат обработувани во наше име од страна на нашите доверливи добавувачи (трети страни).
Ние се потпираме на доверливи трети страни за извршување на низа деловни операции во наше име. Ние им ги доставуваме само потребните информации за извршување на услугата и обезбедуваме дека тие да не ги користат Вашите лични податоци за која било друга цел. Ние секогаш правиме најдобри напори за да се обезбедиме дека сите трети страни со кои работиме ќе ги чуваат Вашите лични податоци безбедни. На пример, можеме да им довериме услуги што бараат обработка на Вашите лични податоци на:
- Агенции за рекламирање, маркетинг, дигитални и социјални медиуми за да ни помогнат да спроведеме рекламирање, маркетинг и кампањи, да ја анализираме нивната ефикасност и да управуваме со Вашите контакти, прашања и нашата врска;
- Трети страни кои треба да Ви достават производ на пр. услуги за достава;
- Трети страни кои ни помагаат во обезбедување на ИТ услуги, како што се даватели на платформи, услуги за хостирање, одржување и поддршка на нашите бази на податоци, како и на нашиот софтвер и апликации;
- Давателите на платежни услуги како банки и платежни финансиски институции кои извршуваат услуги за нас, поврзани со реализација на нарачката и плаќањето;
- Независни трети страни, комуникациски оператори, компании за поштенски услуги, маркетинг партнери како и надлежни институции кои имаат законски овластувања кои може да ги користат личните податоци за свои цели.
Нашиот однос со третите страни е уреден врз основа на правно обврзувачки договор со кој е регулирано дека се преземени соодветните мерки на безбедност и сигурност на Вашите лични податоци.
ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Личните податоци не се пренесуваат во трети држави надвор од Европската Унија или Европскиот економски простор.
Во случаите кога Зегин Групацијата пренесува лични податоци во трети држави надвор од границите на Европската Унија или Европскиот економски простор преземаме соодветни мерки да осигураме дека при преносот се применува соодветно ниво на заштита на личните податоци, преку склучување на договори за обработка на личните податоци (стандардните договорни клаузули издадени од Европската Комисија или од Агенцијата за заштита на личните податоци, други договорни клаузули или заштитни механизми).
КОЛКУ ВРЕМЕ ЌЕ СЕ ЧУВААТ ПОДАТОЦИТЕ?
Ние ќе ги чуваме Вашите лични податоци, онолку колку што е потребно за да можеме да Ви ја обезбедиме побараната услуга/и или за да ги задоволиме комерцијалните и законските обврски. За да го определиме периодот на задржување на Вашите лични податоци, земаме во предвид неколку критериуми за да се осигураме дека не ги чуваме Вашите лични податоци подолго од потребното. Тие критериуми се следните:
- Целта поради која ги чуваме Вашите лични податоци;
- Нашите законски и регулаторни обврски поврзани со тие лични податоци, на пример обврски кои произлегуваат од финансиското работење и поднесување финансиски извештаи,
- Законските обврски за чување на личните податоци за корисниците на медициски средства и ортопедски помагала согласно Законот за лекови и медицински средства, Законот за здравствено осигурување и исполнување на обврските по договорот со Фондот за здравствено осигурување.
- Нашите легитимни деловни интереси во врска со управувањето со нашите сопствени права, на пример, одбрана на какви било правни побарувања или за статистички цели.
- Ние особено задржуваме одредени лични податоци за следните периоди:
- Кога сте се согласиле да добивате маркетинг комуникација, ние ги чуваме Вашите лични податоци се додека Вие: (i) не побарате да ги избришеме Вашите лични податоци или се додека не ја повлечете согласноста за добивање на маркетинг комуникација; или (ii) по извесен период на неактивност (т.е кога не сте комуницирале со нас одреден временски период).
- Кога колачињата се поставуваат на Вашиот компјутер, тие се чуваат онолку долго колку што е потребно за да ги постигнат своите цели (на пример, за времетраење на сесија за колачиња за кошничка или колачиња за идентификација на сесија).
- Кога повеќе нема да имаме потреба да ги користиме Вашите лични податоци, истите ќе бидат отстранети од нашиот систем и евиденција, или ќе бидат анонимизирани за повеќе да не можете да бидете идентификувани преку нив.
КОИ СЕ ВАШИТЕ ПРАВА?
Вие како субјекти на лични податоци ги имате следните права:
- Право да бидете информирани за обработката на Вашите личните податоци.
- Право на пристап до личните податоци и добивање на нивна копија.
- Право на исправка и бришење на личните податоци ако се нецелосни и неточни, се обработуваат на незаконски начин и целта на нивна обработка е исполнета.
- Право на ограничување на обработката на личните податоци, ако ја оспорувате нивната точност за времето кое е потребно да ја провериме нивната точност, обработката е незаконска, но се спротивставувате на нивно бришење и барате ограничување на нивната употреба, нема потреба да бидат повеќе зачувани од наша страна, но се потребни за остварување на Ваши правни барања, се спротивставувате на нивната обработка врз основа на наши легитимни интереси се додека не се потврди дека истите преовладуваат над Вашите интереси како субјект на лични податоци.
- Право на приговор за обработката на личните податоци кога тие се обработуваат врз основа на наш легитимен интерес. Во секое време имате право на приговор за обработката за директен маркетинг и профилирање поврзано со директниот маркетинг.
- Право на преносливост на податоците, односно да ги добиете Вашите лични податоци во структуиран машински читлив формат или да бидат пренесени на друга компанија, а кои се обезбедени на автоматизиран начин, врз основа на договор или ваша согласност.
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци Марија Пешевска-Станишиќ на следниот e-mail: marija.stanisic@zegin.com.mk и/или на телефонскиот број: 02/3241-677.
Барања за остварување на правата на личните податоци:
КОИ ПОДАТОЦИ СЕ ЗАДОЛЖНИТЕЛНИ, А КОИ ОПЦИОНАЛНИ?
Податоците кои се неопходни за реализација на здравствената услуга се задолжителни, во спротивно нема да може истата да се изврши.
АВТОМАТИЗИРАН ПРОЦЕС НА ОДЛУЧУВАЊЕ, ПРОФИЛИРАЊЕ
Ние не вршиме автоматизирано донесување одлуки или профилирање при обработката на личните податоци при обезбедувањето на нашите услуги наведени погоре.
Ние може да употребуваме автоматизиран процес на донесување на одлуки, вклучувајќи и профилирање во процесот на обработка на Вашите лични податоци врз основа на претходно дадена согласност за маркетинг активности. Ние може да ги анализираме Вашите лични податоци врз основа на демографски податоци, податоци од пребарување, историја на купувањe. Врз основа на оваа анализа, ние можеме да Ви дадеме одредена понуда за одредени производи.
Доколку имате било какви прашања во врска со автоматското донесување на одлуки, можете слободно да не контактирате преку податоците за контакт на Офицерот за заштита на личните податоци наведени погоре.
ПРАВО НА ПРИГОВОР ДО АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Вие имате право да поднесете приговор до Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) против обработката на Вашите лични податоци доколку сметате дека Ви е повредено правото на заштита на личните податоци. Ова право можете да го остварите преку поднесување на Барање до АЗЛП, преку следниот контакт email: info@privacy.mk или со посета на нивната веб страна: https://dzlp.mk/prizlnlp.
ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.
Декември 2021