На наше задоволство ви го преставуваме светски признатиот препарат Solgar 7 по својот квалитет и брз ефект.
- Комфор и поддршка на зглобовите
- Флексибилност и подвижност
- Повеќекратно дејство
- Витамин Ц и комплекс од растенија
Solgar 7 е производ од новата генерација на производи (после глукозаминот) неменети за поддршка и подобрување на флексибилноста и подвижноста на зглобовите. Формулацијата на Солгар 7 претставува спој на биоактивни нутритиенти наменети за состојби на “стрес” на зглобовите – при вежбање, спортски или други физички активности.
Солгар 7 содржи витамин Ц кој придонесува за нормално создавање на колаген потребен за нормална функција на ‘рскавиците и коските.
Витаминот Ц исто така придонесува во заштитата на клетките од оксидативен стрес. Активниот животен стил може да ги преоптерети мускулите и зглобовите, кардио вежбите како трчање, пешачење, возење на велосипед, може да направат притисок на зглобовите кој вашиот организам може да го чувствува подолго време. Дури и физичка активност еднаш на ден, може да предизвика притисок на зглобовите кој доведува до ослободување на ензими од страна на организмот кои ја намалуваат количината на колаген, со што ја нарушуваат нормалната функција како и целокупното здравје на коските и зголбовите.
Принципот на дејство на Солгар 7 е различен од принципот на дејство на глукозамин и хондроитин.
Додека традиционалните формулации за поддршка на зглобовите се фокусираат на поддршка на ‘рскавицата, Солгар 7 има:
- Повеќекратно дејство со цел да овозможи балансирање на стресот на зглобовите, структурна поддршка во создавањето на колаген и чувствителната зглобна ‘рскавица
- Истовремена поддршка на организмот за нормална подвижност и флексибилност на зглобовите
Солгар преку природен научен принцип ги комбинира Boswellia serrata од природно потекло (5-Loxin® Advanced), UC-II® (тип II колаген) и Ester-C®, со комплекс од традиционални зачини и растенија. Биоактивните состојки на Солгар се насочени кон структурата и кон функцијата на зглобовите со цел да се намали стресот на зглобовите, секојдневното оптеретување вклучително и утринска вкочанетост.
Само една капсула содржи 7 биоактивни хранливи состојки, моќна иновативна формула, која ја користи најновата технологија за комбинирање на биоактивни хранливи состојки што ја прават единствена на пазарот.
Пакување: 30 растителни капсули