Силиконските влошки се анатомски дизајнирани со цел да ја запазат статиката на стапалото. Во метатарзалниот дел и петата има сини зони, кои имаат јојо ефект и го амортизираат притисокот за околу 40 посто. Со оваа влошка не само што се растеретува притисокот на стапалото, се растеретува и притисокот во скочниот зглоб, колената, карлицата, кичмата. Пожелно е да го користат лица кои долго време стојат, имаат проблеми со вени, имаат болка во колена и кичма.