Трчање во зима
Трчањето во зима е здраво и може да помогне во зајакнување на имунолошкиот систем. Иако многумина мислат дека трчањето во зима, кога температурите се ниски може да доведе до настинка, сепак треба да знаете дека поголеми се шансите да настинете додека сте во затворени простории, затоа што топлите и затворени простории се подложни на вируси и бактерии. Затоа не барајте изговори дека надвор е ладно. Трчањето во зима, во природа, каде што се наоколу нас е бело, покрај здравствените придобивки има своја привлечност. Но не заборавајте дека трчањето во зимски услови бара посебни мерки на претпазливост. Еве неколку совети за сите љубители на трчањето:
Облечете се добро – тоа значи неколку слоја облека. Носете соодветни обувки. Користете топлачи за уши или волнен стегач за глава.
Загревање – одвојте најмалку 10 минути за загревање, вклучувајќи пешачење и истегнување.
Трчајте во интервали – трчајте умерено, не повеќе одошто може да издржите.
Правилно дишење – дишете низ нос. Ладниот воздух е сув и може да предизвика болка во градите.
Хидратација – не заборавајте да пиете доволно вода пред и по трчањето.
Заштитете ги вашите колена и зглобови – најважно од се е заштита на колената и зглобовите кои за време на трчање се изложени на двојно поголема опасност од повреди. Носете соодветни држачи за колено и скочен зглоб, за да ги заштитите од можни несакани повреди.