Повреда на Ахилова тетива

Автор: Д-р Сандра Ел-Нади Коруноска, доктор на медицина –ЈЗУ општа болница Охрид

Ментор:Д-р Благовеста Филева Попоска, спец.физијатар- ЈЗУ Општа болница Охрид

 Ахиловата тетива е  најсилна тетива во човечкото тело сместена на задна страна на потколеница и изградена од влакнесто ткиво. Ја пренесува силата од мускулот во стапалото и овозможува движење.

 Таа е  активен стабилизатор на стапалото. Со нејзината контракција и воедно синхронизирана контракција на мускулите екстензори е овозможено стоење. Со синхонизирана контракција на мускулите флексори непречено се одвива одењето. Преку Ахиловата тетива мускулите од листот го ротираат стапалото околу скочниот зглоб истовремено овозможувајки разни положби на стапалото. Така се овозможува стоење на прсти, одрaз при трчање и скокање.

  • Етиологија

Повредата на Ахиловата тетива може да настане како резултат на повеќе фактори и тоа:

-интензивна физичка активност на професионални спортисти или пак кај рекреативци кои нагло почнуваат со спортски тренинг

– кај лица со рамни стапала (кај нив нормалниот свод е спуштен);тука постои зголемена напнатост на плантарната апонеуроза на стапалото која предизвикува постојана затегнатост на Ахиловата тетива и директно доведува до акутно воспаление на тетивата кое подоцна преминува и во хронична состојба

-кај лица со слабо развиени мускули на ногата

-згрчени, недоволно истегнати мускули

– несоодветен избор на опрема за трчање и терени за изведување на спортските активности

– возраст – во позрела возраст заради хипотрофични промени и послаба васкуларизација на ткивата се намалува еластичноста на Ахиловата тетива и се зголемува можноста за нејзина руптура,  заради ненадејна контракција во задната ложа на потколеницата

– прекумерна пронација на стопалото при движење

– обезитност

– ревматски болести или osteoartritist (лоша циркулација) даваат тегоби близу петната коска

– форсирани тренинзи

– тренирање во неадекватни услови , на тврди подлоги (замрзната земја , вештачка трева, бетон).

  • Клиничка слика

Во било кои од горенаведените ситуации или услови, при повреда на Ахиловата тетива се јавуваат следниве симптоми:

-болка и вкочанетост во пределот на Ахиловата тетива особено изразена во утринските часови

-болка по должината на тетивата или во петата која станува се поинтензивна со движење

-силна болка после тренинг или вежбање

– задебелување на тетивата 

-постојано присутен видлив оток кој се влошува при физичка активност

  • Дијагноза

-Физикален преглед

-ЕХО (ултразвук)

-МР (магнетна резонанца) 

  • Третман и лекување

Кај овој тип на повреди секогаш постои опцијата за хируршки и нехируршки третман.

Од неинвазивните методи за третман при повреда на Ахилова тетива се издвојуваат :

-пред се се препорачува одмор и мирување, аплицирање на ладни облоги или лед на местото на оток, земање на нестероидни антиинфламаторни лекови кои ќе ја смират привремено болката и ќе го намалат отокот, умерени вежби и активности кои ќе ја зајакнат тетивата; во одредени ситуации потребно е да се имобилизира ногата во предел на Ахилова тетива за да се постигне поефикасно заздравување

– физикална терапија и рехабилитација опфаќа: *криотерапија,

* хидротерапија,

* електротерапија,

*УЗ (ултразвучна терапија),

*LASER,

*Лимфна дренажа,

* Kinesio Taping (посебна методапри коа се аплицират посебни лепенки односно траки на местото каде е потребно и истите овозможуваат да се олесни природниот процес на заздравување на телото, притоа обезбедувајќи поддршка и стабилност на мускулите и зглобовите без ограничување на опсегот на движење на телото);

Во посовремени центри за физикална терапија и рехабилитација, пациентите е третираат и со методи на *shocwave терапија со радијални ударни бранови,

* компјутерско јакнење на мускули,

*SCANLAB терапија (апарат кој произведува топлина која пак продира длабоко во ткивата и со тоа ја намалува болката и го подобрува еластицитетот).

кинезитерапијата е од особено значење при третман и лекувње на оваа состојба и истата опфаќа:

  • индивидуална кинезитерапија- целта е совладување на постимобилизационите контрактури и истегнување на тетивата и јакнење и реваскуларизација на мускулите на потколеница во целина
  • строго дозирана–истегнувањето на тетивата и јакнењето на мускулите да биде адекватно  

              *ексцентрични вежби за јакнење на ахилова тетива

               *вежби за истегање на мускулите

              * вежби за истегање на мусклите на листот

              * вежби за јакнење на мускулите на листот

              * обострано подигање и спуштање на пета

               *еднострано подигање и спуштање на пета

  • Ортопедски помагала

атлетски чорапи и стегачи со соодветен степен на компресија кои овозможуваат соодветна заштита и стабилизација на тетивите и мускулите, го олеснуваат притисокот и ја намалуваат болката ;изработени со градуирана компресија за подобра циркулација, меки и удобни.

  • Контраиндицирано при третман на повреди на Ахилова тетива е масажа и често користење на кортикостероидни инекции. Кортикостероидите ја слабеат самата тетива и постои ризик од руптура на истата.

 Целта на рехабилитацијата:

      – враќање во полна функционалност на засегнатиот дел од екстремитетот

      – брзо враќање на секојдневните активности

      – да се поврати должината на тетивата

      – да се совлада контрактура на скочниот зглоб

      – да се врати силата на мускулатурата која е изгубена при имобилизацијата.