ГОНАРТРОЗА

Автор: Д-р Благовеста Филева Попоска, спец.физијатар – ЈЗУ Општа болница Охрид

Дегенеративна болест на коленото која е пратена со пропаѓање на ‘рскавицата но и оштетување на другите структури на коленото. Прогресивно трошење на зглобот.

 – Видови:

  • Примарен (предиспозиција )
  • Секундарен (стекнат)

  – Етиологија:

  • Процес на стареење
  • Генетски фактори
  • Телесна тежина
  • Претходна повреда на коленото
  • Присуство на други болести
  • Најчесто кај жени над 45 год. – недостиг на хормонот естроген
  • Спортски повреди
  • Венска инсуфициенција

    –  Дијагностички процедури:

  • RTG
  • EHO
  • CT
  • MR
  • Клинички преглед
  • Лабораториска дијагностика

   – Главни симтоми:

  • Болка во колено(при движење)
  • Чувство на пуцкетање во коленото (крепитации)
  • Оток (вода во колено)
  • Чувство на топлина во зглобот
  • Укоченост во коленото
  • Оштетена функција на зглобот
  • Varus деформација на зглобот ( О нога)

Лекување

Во почетна фаза се користат препарати :

  • Медикаментозна терапија:
  • Глукозамин и хондроин сулфат
  • Локални антиреуматски масти
  • Нестероидни антиинфламаторни лекови
  • Препарати на хијалуронска киселина
  • Плазма богата со тромбоцити
  • Целулар матрих
  • Колаген
  • ПРП терапија
  • Аналгетици
  • Витамин Д
  • Бета- Каротен
  • Омега -3
  • Интраартикуларна апликација на кортикостероиди

Физикална терапија:

  • Криотерапија и криомасажа
  • Хидротерапија
  • Акупумтура
  • Ласеротерапија
  • Магнетотерапија
  • Ултразвучна терапија ( UZ, Sonoforeza)
  • Електротерапија
  • Кинесиотајпинг
  • Текар терапија

Опеаративно лекување – тешка гонартроза која не реагира на друга терапија

  • Артроскопија
  • Остеотомоија
  • Замена на болното колено со импланти

Кинезитерапија

  • Јакнење на мускулите
  • Зголемена еластичност на мускулите
  • Зачувување и враќање на нормалните движења во зглобот
  • Подобра циркулација
  • Кардио вежби – пливање и шетање
  • Стречинг (истегнување) – без оптеретување во зглобот, во коленото да се постигнат целосни движења
  • Вежби со оптеретување – јакнење на m.Quvadriceps, мускули на задна ложа
  • Вежби за растеретување
  • Вежби за колено – изотонични
  • Вежби со апарат – Mina

Ортопедски помагала

  • Носење стабилизатор од еластичен материјал
  • Носење ортоза за да се ограничат движењата во зглобот , за да се намали болката

Ортози

  • Меки – еластични: со или без отвор
  • со или без силиконско перниче
  • со или без надворешен фиксатор ( фишбајни или метални шини) помагаат во намалување на болката , вкочанетоста и поголема издржливост при физичка активност.
  • Ригидни ортози – се користат кај средна и тешка форма на гонартроза и имаат за цел да дадат стабилност на коленото и лигаментите и да помагаат во одржување на зглобниот простор.
  • Влошки со медијално или латерално повишување – за растеретување на коленото.

–   Цел

За подобрување и враќање на функционалната способност како и добар квалитет на живот на пациентите потребна е навремена информираност и превенција.