Автор: Зоран Ристовски – Дипл.Физиотерапевт (Стручен соработник – ЗЕГИН)

Лумбоишијалгија (Ишијас) причини и лекување!

Ишијасот претставува заболување , кое што настанува со оштетување на корените на ’рбетниот столб предизвикани од лумбалните интервертебрални дискуси. Социолошкото и медицинското значење на ишијасот потекнува од фактот дека тој претставува еден од честите причини за работна неспособност, односно боледување.

ПРИЧИНИ: Основната причина за појава на оваа болест се прераното стареење и дегенеративните промени на интервертебралниот (меѓупрешленски) дискус. Најчесто, при подигнувањето на товар со незгодна положба на телото (погрешно движење) доаѓа до пукање на фиброзниот прстен на дискусот и пролапс на неговиот средишен дел – nucleus pulposus кој што врши компресија на соодветниот корен од ’рбетниот столб (местото каде што поминуваат нервите).

ЛЕКУВАЊЕ: Акутната болна фаза има потреба за итна терапија поради тежината на болките, кои што во голем дел од случаите се неподносливи. Најефикасна мерка претставува инфилтрација на паравертебралната мускулатура во близина на болните точки со примена на аналгетици и кортикостероиди. По инфилтрацијата, лумбалниот предел треба да се грее со топол термофор или слично. Корисна е и употребата на миорелаксантни средства со седативно дејство. Честопати се даваат и инјекции со витамин Б1, Б6 и Б12.

Се препорачува носење на лумбалет корсет.

Овој корсет служи за имобилизација, на лумбалниот дел од ‘рбетниот столб. Направен е од перфориран материјал, еластичен и лесно се приспособува према телото. Во задниот дел од двете страни на ‘рбетот се простираат флексибилни пластични ленти кои овозможуваат стабилност и ограниќени движења. За удобноста да биде поголема, во внатрешниот дел на задната страна сместено е меко перниче, кое обезбедува удобност при носење на корсетот. Со дополнителните еластични ленти се обезбедува дополнителна имобилизација.

Медицински индикации:

Спондилоза

Спондилопатии

Спондилолистеза

Ишијалгија

Лумбаго со ишијалгија

Долногрбна болка

Дорзалгија

Секвели од фрактура на ‘рбет

Фрактура на лумбален пршлен

Дислокација на лумбален пршлен

Мултипли фрактури на лумбалниот ‘рбет и карлицата