Градните протези се помагала изработени од биокомпатибилни материјали да можат да обезбедат удобност при носењето и имаат за цел да го имитираат природниот облик на градите. Постојат различни видови на градни протези кои се разликуваат по формата и големината како и во материјалот од кој се изработени. Наменети се за жени после мастектомија, со цел да се одржи природниот баланс и симетрија на телото, превенирајќи искривување на ‘рбетот. Силиконските градни протези нудат многу предности во споредба со другите видови на градни протези. Тие се дизајнирани да наликуваат на изгледот, текстурата и тежината на природните гради. Силиконските градни протези лесно се прилагодуваат на температурата на телото како природната дојка. Градните протези се носат во специјално дизајниран ортопедски градник со џебови, кој овозможува дополнителна поддршка и удобност при носењето.