Поддржувајќи ги сите жени, сопруги, мајки… да истраат во борбата со карциномот на дојка, во месец октомври, месец посветен на подигнување на свеста кај жените за оваа тешка болест, чувствуваме одговорност и обврска да ги запознаеме со нашите производи кои се наменети да им го подобрат и олеснат начинот на живот и секојдневното функционирање.
Силиконски вештачки дојки и ортопедски градници со џебови за носење на вештачка дојка, на товар на ФЗО.

Градните протези се помагала изработени од биокомпатибилни материјали да овозможат удобност при носењето и имаат за цел да го имитираат природниот облик на градите. Постојат различни видови на градни протези, кои се разликуваат по формата и големината, како и во материјалот од кој се изработени. Наменети се за жени после мастектомија, со цел да се одржи природнот баланс и симетрија на телото, превенирајќи искривување на ‘рбетот. Силиконските градни протези нудат многу предности во споредба со другите видови на градни протези. Тие се дизајнирани да наликуваат на изгледот, текстурата и тежината на природните гради. Силиконските градни протези лесно се прилагодуваат на температурата на телото како природната дојка. Градните протези се носат во специјално дизајниран ортопедски градник со џебови, кој овозможува дополнителна поддршка и удобност при носењето.