Лошото држење на телото е еден од ризик факторите за мускулно-скелетни нарушувања кај децата, кои за жал стануваат се почести и може да влијаат на функцијата и мобилноста на мускулно-скелетниот систем. Најдобра превенција од мускулно-скелетна деформација кај децата се редовното вежбање и физичка активност. По повод светскиот ден на коските и зглобовите кај децата (World pediatric bone and joint day) Ви претставуваме производ наменет за најмалите.
Еластичен корсет за кифоза кој се користи кај неправилно (кифотично) држење на телото. Со користење на ова помагало се овозможува правилно држење на телото кај децата а со тоа одржување на здрав мускулно-скелетен систем. Може да го носат додека се во парк, во школо или додека следат online настава. Лесен за употреба, пријатен за носење, може да се носи и под облеката. Се грижиме и за најмалите, затоа што токму тие се нашата иднина.