🌨️Како што знаеме оваа зима не започна со вообичаениот снег и ниските температури, но сепак треба да бидеме подготвени. За многумина, падот на температурата значи влошување на болките во зглобовите, особено ако страдате од артритис.

👇Во продолжение неколку совети за заштита на зглобовите во зима

❄️Вежбање – недостаток на вежбање може да ја зголеми болката, така што вметнување вежби во вашата рутина, може значително да ја намали болката

❄️Избалансирана исхрана – храната игра голема улога во болката на зглобовите. Избалансиран оброк од овошје, зеленчук, житарки и протеини може да помогне во одржување на здрави зглобови

❄️Останете хидрирани – пиењето вода помага во отстранувањето на токсините од зглобовите и на тој начин влијае на олеснување на болката

❄️Носете соодветни стегачи за колено, скочен и рачен зглоб – со цел да ги задржите во стабилна положба и да спречите несакани повреди додека вежбате или изведувате секојдневни работни обврски

❄️Посетете специјалист – ако имате силни болки, препорачливо е да посетите ортопед или физијатар, кој точно ќе ја утврди причината за болка и ќе помогне да се спречи понатамошно влошување.

👉Сите помагала за долни и горни екстремитети, погледнете ги во продолжение