Biolevox HA One – Хијалуронска киселина
Натриум хијалуронат – сол на хијалуронска киселина, направен преку ферментација, за вискоеластична суплементација и замена на синовијалната течност, со :
•Намалување на болката и подобрување на функцијата на зглобовите
•За сите синовијални зглобови
•Наменет за употреба кај пациенти со остеоартритис
•Аналгетски ефект
•Стимулација на производство на ендоген хијалурон
•Олеснување на пенетрација на хранливи материи во зглобна ‘рскавица
*Интраартикуларен гел 2,5% во 1ml
*Највисока концентрација на HA (монодоза од 4,8ml со 120mg натриум хијалуронат)
*Највисоко ниво на безбедност
*Полски производ со проверен квалитет
1 ml содржи:
Натриум хијалуронат | 25 mg |
Натриум хлорид | 6.5 mg |
Динатриум хидрогенфосфат | 0.563 mg |
Натриум дихидрогенфосфат | 0.045 mg |
Вода за инјектирање | q.s. |
Дозирање:
Препорачано дозирање е монодоза од 4,8 ml за едно колено.
Дозата може да се повтори после 6 месеци зависно од клиничкото искуство и ефектот на олеснување на симптомите на болка кај пациентот. Дополнување на синовијалната течност преку интраартикуларно инјектирање на хијалурионска киселина ги подобрува високоеластичните карактеристики на синовијалната течност. После 1 до 5 интраартикуларни инјектирања, подвижноста на зглобовите се подобрува и болката од дегенеративните лезии се намалува.
Можни несакани дејства : Локални симптоми – болка , црвенило чиј интензитет се намалува по примена на ладни облоги со мраз околу 5-10 минути.
Интеракции : Досега не се доставени никакви податоци за компликации или несакани ефекти како резултат на користење на други интраартикуларни раствори – Дозволена е истовремена употреба на орални аналгетици и лекови против воспаленија од првиот ден на третманот.
Контраиндикации : Производот не треба да се користи во случај на позната пречуствителност на која било компонента содржана во него.