Совети за здрави колена

Коленото е еден од најнесовршените зглобови на човековото тело. Фактот што го користиме при секое движење кое го правиме, го прави најподложно на повреди. Со болка во колената се соочува повозрасната популација, но се почесто и младите лица. Една од причините за болка во коленото е прекумерната тежина, која прави дополнителен притисок врз колената, а сето тоа води кон појава на воспаление, болка и зголемување на можноста од повреди.  Затоа е особено важно да одржуваме оптимална телесна тежина. Друга причина за болка во колената е физичката неактивност како и избор на несоодветна физичка активност која дополнително ги оптоварува колената. Доколку страдате од повреда на колено, треба да обрнете внимание на изборот на вежби.

Вежби кои не смеете да ги правите доколку имате повреда на колено

Избегнувајет вежби со клекнување.  Оваа вежба прави дополнителен притисок врз вашите колена и може да доведе до поголеми оштетувања и да ја влоши состојбата.

Не правете вежби со скокање

Ваквите вежби ги зголемуваат шансите од повреда, затоа што на овој начин колената трпат дополнителен притисок.

Не за трчањето

Овој тип на физичка активност може да ја зголеми болката во колената, затоа не е препорачлива.

Избегнувајте нагли движења од кои е засегнато коленото

Наглите движења може да ја влошат веќе постоечката состојба на коленото.

Физичка активност која е препорачлива

Пешачење

Пливање

Велосипедизам

Лесни вежби од кои не се засегнати колената

Од голема помош може да ви бидат стегачите за колено, кои овозможуваат дополнителна подршка на колената додека ги изведувате секојдневните физички активности.

Сите помагала за колено може да ги погледнете тука

ВАЖНО

Пред да превземете било што на своја рака, претходно консултирајте се со стручно лице – физиотерапевт, ортопед, физијатар…