
Како да ги одржите вашите колена здрави?
✔️Бидете активни секој ден – изберете спортска активност која најмногу ви одговар.а
✔️Конзумирајте здрава храна – намирници кои изобилуваат со омега 3 масни киселини, протеини, магнезиум, витамин Ц и К кои го одржуваат здравјето на ‘рскавицата.
✔️Пијте повеќе вода – водата помага во отстранувањето на токсините во зглобовите.
✔️Одржувајте оптимална телесна тежина – зголемена телесна тежина ги оптоварува колената.
✔️Заштитете ги вашите колена – користете соодветни стегачи за колено при изведување спортски и работни активности, за да ги заштитите колената од евентуални повреди.