Динамичниот и брз начин на живот карактеристичен за нашето секојдневие ја зголемува и оправдува потребата од користење на ортопедските помагала, не само за олеснување и лекување на веќе настанатите повреди на зглобовите туку и како превенција за нивната појава.
Оваа коленска ортоза од неопрен обезбедува цврста поддршка и се користи во случај на колатерални повреди на коленото и негова стабилизација, како и во случај на повреди на лигаментите, остеоартритис и дегенерации на менискусот.