`Рбетот претставува комплексна структура која овозможува стабилност и мобилност на човековото тело. Составен e од 33 коски наречени прешлени. Служи како столб кој исправено го држи телото и воедно го заштитува ’рбетниот мозок. Кај здравиот `рбет постојат три природни искривувања кои му ја даваат формата на буквата „Ѕ“ гледано од страна. Овие искривувања овозможуваат правилна распределба на телесната тежина.