Отечени нозе е честа појава во текот на бремноста но и по породувањето, како резултат на задршка на течности во телото. Носење на компресивни чорапи во текот на бременост, помага да се контролираат зголемените отоци во нозете. Чорапите нежно ја притискаат ногата, со што се олеснува непријатноста, притоа подобрувајќи ја циркулацијата. Чорапите го зголемуваат дијаметарот на крвните садови, со што се зголемува протокот на крв од нозете назад кон срцето. Во текот на бременоста, жената искусува зголемено лачење на хормони, што ги изложува на ризик од варикозни вени и згрутчувања на крвта, па носењето компресивни чорапи помага во превенција и намалување на ризикот од венска тромбоза. После породувањето може да дојде до постпородилно отекување поради вишокот течности што остануваат во телото. Исто така грижата за новороденчето е одговорна работа, што би значело долго стоење на нозе и појава на оток. Сите придобивки од носењето компресивни чорапи во бременост се однесуваат и за периодот после бременост. Пред употреба потребна е консултација со доктор кој ќе ја одреди точната компресија а нашите стручни соработници ќе ви помогнат при правилниот избор на големина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *