Секоја болка е знак дека нешто негативно се одвива во организмот. Болката во шаката (дланката) може да ги погоди сите и да влијае на јачината на зафатот и на квалитетот на живот.  Може да биде предизвикана од повеќе причини како: остеоартрит, траума, синдром на карпален тунел, теносиновит…  Воспалението на тетивите на рачниот зглоб се јавува како резултат на секојдневни повторувачки движења при изведување на секојдневните работни обврски. Во тој случај се препорачува одмор на раката, физикална терапија, масажа и имобилизација на рачниот зглоб со соодветно ортопедско помагало. Доколку болката трае повеќе од неколку дена или станува поинтензивна, обратете се кај ортопед или физијатар со што ќе придонесете за побрзо и подобро излекување и спречување на понатамошни компликации. Ортозите ги намалуваат болките, го фиксираат и стабилизираат рачниот зглоб, го позиционираат и го забрзуваат опоравувањето и се корисна заштиттна поддршка во случај на болка при секојдневни физички активности.

Leave a Reply

Your email address will not be published.