Физичка активност, внесување на многу течности и здрава исхрана во текот на бременоста во зима ќе ви помогнат во зајакнување на имунитетот. Во текот на бременост во зима треба посебно да се внимава како на своето здравје така и на здравјето на детето. Со неколку лесни совети до здрава и лесна бременост во зима.

Бидете физички активни – многу е важно и во зимскиот период да се движите и вежбате. Избегнувајте ризични зимски спортови. Консултирајте се со вашиот доктор кој тип на физичка активност е добра за вас и вашето дете. Може да вежбате пренатални вежби како јога и аеробик во вашиот дом.

Хранете се здраво – јадете разновидно сезонско овошје и зеленчук. Со зголемување на внесот на овошје и зеленчук ќе ја задоволите потребата на организмот за витамини, минерали и влакна. Овошјето и зеленчукот ќе го намалат ризикот од дигестивни нарушувања, кои се честа појава кај бремените жени.

Останете хидрирани – топлиот и сув воздух може да прави да се потите и дехидрирате. Секогаш со вас носете шише со вода.

Заштитете се од настинки и грип – студеното време го слабее имунитетот. Избегнувајте места и  простории со многу гужва. Внимавајте на преносливите вируси и настинки. Мијте ги рацете за да спречите инфекции. Секогаш со вас носете средство за дезинфекција на раце.

Носете топла и удобна облека, како и топли и удобни обувки и внимавајте на лизгавите патеки

Хидрирајте ја кожата – сува кожа е чест проблем за време на зимата. Користете путер или масло за тело за да ја одржувате мека и нежна вашата кожа и да спречите појава на стрии.

Останете среќни! Најважно е да останете среќни и смирени за време на бременоста. Тоа е најдобриот начин да уживате во здрава бременост.

Leave a Reply

Your email address will not be published.