Како што знаеме оваа зима не започна со вообичаениот снег и ниските температури, но сепак треба да бидеме подготвени. За многумина, падот на температурата значи влошување на болките во зглобовите, особено ако страдате од артритис.

Во продолжение неколку совети за заштита на зглобовите во зима:

❄️Вежбање – недостаток на вежбање може да ја зголеми болката, така што вметнување вежби во вашата рутина, може значително да ја намали болката.

❄️Избалансирана исхрана – храната игра голема улога во болката на зглобовите. Избалансиран оброк од овошје, зеленчук, житарки и протеини може да помогне во одржување на здрави зглобови.

❄️Останете хидрирани – пиењето вода помага во отстранувањето на токсините од зглобовите и на тој начин влијае на олеснување на болката.

❄️Користетет соодветни помагала за зглобови – со цел да ги задржите во стабилна положба, да спречите понатамошно влошување на постоечката состојбата, како и да спречите несакани повреди додека вежбате или изведувате секојдневни активности.

❄️Посетете специјалист – ако имате силни болки, препорачливо е да посетите ортопед или физијатар, кој точно ќе ја утврди причината за болка и ќе помогне да се спречи понатамошно влошување.