ГОНАРТРОЗА
Автор: Д-р Благовеста Филева Попоска, спец.физијатар – ЈЗУ Општа болница Охрид
Дегенеративна болест на коленото која е пратена со пропаѓање на ‘рскавицата но и оштетување на другите структури на коленото. Прогресивно трошење на зглобот.
– Видови:
- Примарен (предиспозиција )
- Секундарен (стекнат)
– Етиологија:
- Процес на стареење
- Генетски фактори
- Телесна тежина
- Претходна повреда на коленото
- Присуство на други болести
- Најчесто кај жени над 45 год. – недостиг на хормонот естроген
- Спортски повреди
- Венска инсуфициенција
– Дијагностички процедури:
- RTG
- EHO
- CT
- MR
- Клинички преглед
- Лабораториска дијагностика
– Главни симтоми:
- Болка во колено(при движење)
- Чувство на пуцкетање во коленото (крепитации)
- Оток (вода во колено)
- Чувство на топлина во зглобот
- Укоченост во коленото
- Оштетена функција на зглобот
- Varus деформација на зглобот (О нога)
– Лекување
Во почетна фаза се користат препарати :
- Медикаментозна терапија:
- Глукозамин и хондроин сулфат
- Локални антиреуматски масти
- Нестероидни антиинфламаторни лекови
- Препарати на хијалуронска киселина
- Плазма богата со тромбоцити
- Целулар матрих
- Колаген
- ПРП терапија
- Аналгетици
- Витамин Д
- Бета- Каротен
- Омега -3
- Интраартикуларна апликација на кортикостероиди
– Физикална терапија:
- Криотерапија и криомасажа
- Хидротерапија
- Акупумтура
- Ласеротерапија
- Магнетотерапија
- Ултразвучна терапија ( UZ, Sonoforeza)
- Електротерапија
- Кинесиотајпинг
- Текар терапија
– Опеаративно лекување – тешка гонартроза која не реагира на друга терапија
- Артроскопија
- Остеотомоија
- Замена на болното колено со импланти
– Кинезитерапија
- Јакнење на мускулите
- Зголемена еластичност на мускулите
- Зачувување и враќање на нормалните движења во зглобот
- Подобра циркулација
- Кардио вежби – пливање и шетање
- Стречинг (истегнување) – без оптеретување во зглобот, во коленото да се постигнат целосни движења
- Вежби со оптеретување – јакнење на m.Quvadriceps, мускули на задна ложа
- Вежби за растеретување
- Вежби за колено – изотонични
- Вежби со апарат – Mina
– Ортопедски помагала
- Носење стабилизатор од еластичен материјал
- Носење ортоза за да се ограничат движењата во зглобот , за да се намали болката
– Ортози
- Меки – еластични: со или без отвор
- Со или без силиконско перниче
- Со или без надворешен фиксатор ( фишбајни или метални шини) помагаат во намалување на болката , вкочанетоста и поголема издржливост при физичка активност.
- Ригидни ортози – се користат кај средна и тешка форма на гонартроза и имаат за цел да дадат стабилност на коленото и лигаментите и да помагаат во одржување на зглобниот простор.
- Влошки со медијално или латерално повишување – за растеретување на коленото.
За подобрување и враќање на функционалната способност како и добар квалитет на живот на пациентите потребна е навремена информираност и превенција.