Кинезитерапија кај гонартроза
Автор: Весна Трајкова Ристески – Дипломиран Физиотерапевт – ЈЗУ Општа Болница Охрид
Порано се сметало дека за лекување на гонартроза е потребно повќе мирување и имобилизација на зглобот. Мегутоа тоа само ја влошува состојбата па затоа денес физичката активност е неизоставен дел од терапијата за артроза. Пациентите кај кои постои гонартроза се помалку и помалку се движат поради болките но колку е помала активноста во коленото толку зглобот станува неподвижен па така доаѓа до еден маѓепсан круг во кој болките доведуваат до потешко движење. Секако, воопшто не е лесно да се вежба со болки ( гонартроза ), овие пациенти имаат бројни ограничувања па се поставува прашањето кои вежби се најдобри за ова заболување.
Најпрво треба да се каже кои вежби не смеат да ги прават пациентите со оштетена ‘рскавица:
- Трчање и џогирање
- Прескокнување јаже
- Аеробик
- Било која физичка активност кај која е потребно да се подигнат и двете стопала од подлогата
Вежби дозволени за пациенти со гонартроза :
- Стречинг ( истегнување )-
Вежби за зголемување на подвижноста и обемот на зглобот (коленото). Целта на оваа вежба е да без оптеретување се постигне полн обем на поктретот ( движењето) во коленото.
Екстензија на коленото ( испружување на коленото)
Седнувате на цврста подлога (под) со испружени нозе. Од оваа почетна точка со кленото туркате кон подлогата и притоа се затегнува m.Quadriceps(мускул квадрицепс), мускулот на натколеницата и за да биде ова движење малку покомплексно се крева стопалото при што се затега и листот на потколеницата. Во оваа положба се останува 5 секунди. Вежбата се повторува 10 пати.
Истата вежба се изведува и во седечка положба на ивица од кревет или стол. Неопходно е нозете да висат а грбот се затегнува за подобро изведуванје на саканата вежба. Се крева потколеницата заедно со стопалото при што е затегнат листот на потколеницата. Вежбата се повторува 10 пати.
- Јакнење на квадрицепс
Седнувате на рамна подлога и потоа се потпирате на лакти под агол од 45 степени во однос на подлогата. Стопалото се затегнува како и листот на потколеницата и подигнете ја ногата до 45 степени. Во оваа положба ја задржувате ногата 2-3 секунди и потоа ја враќате во почетна положба. Се повторува 10 пати.
- Јакнење на квадрицепс (внатрешна страна)
Во истата положба како и во претходната вежба цела нога и стопалло ги ротираме надворешно и од таа позиција ја креваме ногата до 45 степени и во таа положба ја задржуваме ногата 2-3 секундии потоа ја враќаме ногата на подлогата. Се повторува 10 пати.
- Јакнење на кавадрицепс ( надворешна страна)
Од истата положба како и претходните две вежби целата нога ја ротираме кон внатре и така ротирана ногата ја креваме до 45 стеепени, ја задржуваме и потоа ја враќаме на подлогата. Се повторува 10 пати.
- Вежби за јакнење на задна ложа на бутот
Заземаате лежечка позиција на рамна подлога. Рацете се сместени покрај тело, нозете се свиткани во колена и постабени во ширина на рамената.Полека ја подигаме карлицата од подот додека трупот не се израмни. Се задржувате 2-3 сек во оваа позивија и се враќате во почетната положба. Се повторува 10 пати.
Истата вежба може да се изведе и во малку покомплексна форма со тоа што под нозете ке ставите ролован пешкир или ваљак (ролер). Се изведува потполно истото движење како во претходната вежба.
- Вежба за јакнење на аддуктори на колк
Седнувате на под , помеѓу нозете ставате пилатес топка, со рацете се ослонувате на под. Топката ја стегате со колената ,задржувате неколку секунди и потоа пуштата (релаксирате).Се повторува 10 пати.
- Вежба за јакнење на абдуктори на колк
Легнувате на под. Нозете врзете ги со еластична трака и отворате во колкови , задржувате до 3 секунди и релаксирате, ги враќате нозете во првобитната положба(слика 1). Или топката ја поставувате до ѕид и ја турката со ногата неколку секунди и потоа релаксирате. Се повторува 10 пати.
- Вежба за истегнување на задна ложа на натколеница и потколеница
Седнувате на под и нозете се испружени. Со телото се придвижувате кон стопалата кои се затегнати и исправени према вас а рацете ви се испружени при што ги допирате стоплата. Треба да почувствувате блага и пријатна болка. Истата цел ке ја постигнете и доколку едната нога ви е свиткана во колено и поставена под коленото на испружената нога а со рацете испружени се придвижувате према стоплаото на испружената нога. Се изведува наизменично по 10 пати.
- Чучњеви – получучњеви
Получучњеви секогаш се прават покрај столче или кревет во случај да поцувствувате болка па да можете да седнете. Получучуњевите се прават полека без брзање додека грбот е прав а рацете се испружени напред за одржување на рамнотежа. Получучњевите несмеат да бидат предлабки бидејки кај пациентите кои имаат оштетувања на колената може да предизвикаат болка.
- Кардио вежби
Шетање и пливање овозможуваат коските да бидат јаки па се неизбежни кај пациенти со гонартроза.
- Вежби со оптеретување
Кај овие вежби се подразбира јакнење на квадрицепсот и задна ложа мускули со помош на тегови. Болка во колено се јавува покрај самото оштетување но и поради слабост на везивното ткиво кое доведува до губење на стабилноста. Со зајакнување на мускулите кои го опкружуваат коленото може да се смалат болките во истото.
Прикажаните вежби се безбедни за повеќето пациенти, но сепак најдобро е да се прекине со вежбите доколку почувствувате болка при вежбањето и да се направи консултација со лекар.