Автор: Весна Трајкова Ристески – дипл. Физиотерапевт – ЈЗУ Општа Болница Охрид

Кинезитерапија кај сколиоза

Кинезитерапијата како метод за лекување се применува кај т.н. сколиотични држења и функционалните сколиози, но и кај оние кои покажуваат дискретен прогредирачки тек. Со кинезитерапија кај сколиози до околу 30 степени кривина, јакнење на грбната мускулатура може поволно да влијае на рамномерен развој на ‘рбетниот столб и корекција на осовината. Овој третман мора да биде доволно долг, се до постигнуање на потполна и сигурна стабилизација на статичко-динамичката положба на телото се до завршување на растот на телото бидејки во спротивно лесно доаѓа до враќање на поранешната слика. Асиметричнините вежби имаат за цел, мобилизација на рбетниот столб, истегнување на скратените мускули, јакнење на истегнатата мускулатура на конвексната страна итн.

Кинезитераписка програма

  • Вежби за јакнење на мобилноста на рбетниот столб-пасивно и активно

Еден од основните услови за корекција на рбетниот столб е постигнување што поголема мобилизација на прешлените. Мобилизација може да се изведува во стоечки став или најефективна е во растеретена положба.

  • Вежби за јакнење на екстензорните мускули на грбот
Вежба за јакнење на екстензорите на трупот

Целта на вежбите е контрахирање на мускулите на грбот што доведува до јакнење на тонусот и моторната снага. Крајниот ефект е стабилизација на рбетниот столб во целина. Вежбите се состојат од симеттрична или асиметрична положба, воглавно према назад.

  • Вежби за истегнување на задната лоза на мускулите флексори на надколеницата

Со истегнување на овие мускули на скратената страна се овозможува поставување на карлицата во правилна положба. Од таа положба пробуваме да вршиме форсиран вертикален притисок што ке предизвика јако затегнување на задната ложа на мускули на грбот.

  • Вежби за истегнување на аддукторните мускули на надколеницата

Кај сколиотична деформација на ‘рбетниот столб, често е евидентирана и контрактура на аддукторните мускули кои треба да истегнуваат со вежби во правец на абдукција.

  • Вежби за рамнотежа и корекција

Држење на телото во просторот може да се корегира и контролира со вежби пред огледало со што може полесно да се постигне симетрија и рамнотежа на положба.

Во принцип вежбите се состојат во подигнување на испружените нозе кон фиксираниот труп или во подигање на горниот дел од телото во екстендиран рбетен столб кон фиксираните испружени долни екстремитети и сл. Со подигнување на трупот во ротирана положба од истите положби како претходно се јачат косите стомачни мускули. Всушност се настојува да се направи јак мускулен мидер со предните и бочните мускули кои ке дадат стабилност а воедно и еластичност на ‘рбетниот столб.

  • Гимнастика на дишење

Познато е дека кај сколиозите може да биде компромитирана и дишната функција било заради смалување на дишниот капацитет на белите дробови или зарадисклоност кон респираторна инфекција поради пречки во белодробната функција. Со пациентите се изведуваат три типа на вежби дишење и тоа абдоминално, долно градно дишење и горно градно дишење. Кај абдоминалното дишење пациентот при вдишувањето треба да го подига абдоменот-вдишување низ носот ,а при издишувањето да го спушта стомакот-издишување низ уста. Кај долно градно дишење при вдишување треба да се поместат долните ребра на страна, додека кај горно градно дишење, горниот дел на градниот кош треба да се приближи кон бедрата – вдишување на нос а издишување на уста.

Сите три типа на вежби траат по 4 минути.

Вежба за долно градно дишење
Вежба за горно градно дишење
  • Вежби за став и обликување

Вежбите за став и обликување претставуват сложен и завршен облик на низа комбинирани вежби, составени од елементарни движења. Со нив се влијае на постигнување на еластичност при движењата на сите останати делови од телото од локомоторниот апарат , како и нивниот правилен облик.

  • Постурални вежби

Постуралните вежби се изведуваат пред огледало, а служат за корекција на лошото држење на телото. Во овој случај целта е што повеќе да воспостави правилна динамика.

  • Вежби за бочна флексија
Вежби за бочна флексија, ослонец на четири точки
Вежби за бочна флексија, центар на примарната кривина е ТH 8

Вежби за бочна флексија директно се користат за намалување на искривеноста, односно намалување на кнвекситетот и во зависност од центарот на примарната кривина одредена е и почетна положба која ја зазема трупот за да мозе правилно да ја изведе за бочна флексија на трупот. Бочната флексија се изведува посебно за секоја кривина, додека другата е добро фиксирана за да не дојде до зголемување и проширување на кривините. Целта е да се јакне пелви-феморалната мускулутара на конвексната страна а да се истега на конкавната страна.

  • Вежби за деротација на рбетниот столб

Овие вежби имаат за цел да извршуваат деротација на рбетните прешлени. Деротационите вежби се извршуваат посебно за секоја кривина додека другата кривина е добро фиксирана за да не дојде до зголемување на кривината по пат на ротација на прешленот.

Вежби за деротација на ‘рбетниот столб

Вежби за леве лумбална сколиоза на шведски скали

Тракција на ‘рбетниот столб и автоелонгација

Во некои центри се применува и тракција на ‘рбетниот столб. Со помош на тракција се постигнува извлекување на рбетниот столб и негова корекција. Тракција се применува и кај некои долги ”S” сколиози кои се поеластични. Автоелонгација е кога пациентот самостојно го истегнува ‘рбетниот столб.