Автор: Христијан Бакулески – дипл. Физиотерапевт – ЈЗУ Општа Болница Охрид

Кинезитерапија при Calcar calcanei (шилец, трн во петица)

Calcar calcanei (шилец, трн во петица) е коскен израсток односно калцификат на

коската на петата кој прави притисок на меките ткива и дава болка во петата.

Во овој текст ќе се задржиме конкретно на кинезитерапијата за време на оваа болест.

Кинезитерапијата се состои од дозирани вежби, кои најчесто се во форма на истегнување на мускулатурата на нозете односно стапалата како истегнување при плантарна флексија и екстензија на прстите, дорзифлексија на скочниот зглоб и сл. Во продожение ќе ги објасниме ваквите вежби.

  1. Вежба бр. 1Флексија на стапалато

Оваа вежба е едноставна и многу полезна доколку се прави веднаш после спиење додека сеуште сме во креветот. Се изведува така што повлекуваме на горниот дел од стапалото со нашите раце или со помош на крпа и на тој начин ја истегнуваме плантарната фасција. Задржуваме околу 30 секунди после секое тегнење ( вежбата ја повторуваме 10тина пати)

  • Вежба бр. 2 – Кревање на прсти  

Предниот дел на стапалата го поставуваме на степер или скала, се креваме нагоре и полека ја спуштаме петицата кон подот па задржуваме 15-30 секунди и повторуваме неколку пати

  • Вежба бр.3 – Повлекување на крпа со прстите

Поставуваме крпа под ногата и ја повлекуваме со прстите према петицата притоа подигајќи го предниот дел на стапалото. Ја пуштаме крпата и ги креваме и шириме прстите колку што може повеќе. Оваа вежба го зајакнува долниот дел на стапалото и ја подобрува флексибилноста.

  • Вежба бр. 4 – Тегнење на мускулите на потколеницата (m. gastrocnemius, m. soleus)

Оваа вежба се прави така што предниот дел на стапалато на болната нога го поставуваме на зидот и го придвижуваме телото напред, префрлувајќи ја тежината на предната нога. Притоа треба почувствуваме тегнење на задниот дел на потколеницата. Задржуваме 15-30 секунди и повторуваме. Оваа вежба помага да се ослободиме од згрченоста и болката која ја чувствуваме, а со тоа ја подобрува и мобилноста.

  • Вежба бр. 5 – Тркалање на тенис топче

Поставуваме тенис топче под стапалото и го тркаламе напред-назад 1 минута повеќе повторувања. Оваа вежба ни помага да ја опуштиме фасцијата на дното од стапалото и помага за намалување на болката во петицата.