Тениски лакт или латерален епикондилитис е воспаление на мускулите и тетивите во надворешната област на лактот. Тоа може да биде мошне болна состојба, која обично настанува заради повторувачки движења на зглобот и раката. Тенискиот лакт најчесто се јавува како резултат на играње тенис но и кај многу други занимања, кај кои исто така вообичаени се повторувачките движења на зглобот и раката (пример кај многу спортисти, како фрлачите на копје, хокеарите, кај оние кои често работат на компјутер, хирурзите, стоматолозите…)

За третман на тениски лакт се препорачува носење на соодветен држач кој ќе направи компресија на болното подрачје. Потребен е одмор на раката, како и користење на аналгетски креми со разладувачки ефект.

Наша препорака е држач за тениски лакт, изработен од неопренски материјал и силикон. Силиконското перниче што лежи околу епикондилисот и соседните радијалиси ја подобрува функцијата на зглобот и ја намалува напнатоста во периартикуларните ткива.